COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Објаснување во врска со уверенијата за дипломирање

Универзитетот на Југоисточна Европа од почетокот на своето работење, па до денес функционира во согласност со законите за високото образование кои биле во сила во различни периоди во нашава земја. Во првата година од функционирањето на оваа високообразовна институција (2001), Универзитетот работеше според Законот за високото образование (ЗВО) бр. 64/2000 година. Овој Закон беше на сила до 2008 година и дотогаш претрпе три измени и дополнувања. Релевантна за додипломските студии е првата измена на овој Закон што се случи во 2003 година.

Во 2008 година, Собранието на РМ го донесе новиот Закон за високо образование бр. 35/2008. Со овој Закон беа промовирани големи промени во РМ за да се трансформира високообразовниот систем. Овие интензивни измени, со намера за трансформација на системот, се рефлектираат и во бројот на закони со кои е дополнет или изменет основниот закон, за кој до 2016 година има вкупно 21 закон за изменување и дополнувања на овој Закон.

Релевантни членови за дефинирање на додипломските студии како и за прашањето за издавање уверенија како привремен документ за докажување на завршување на сите академски обврски на студентот за првиот циклус на студии се членот 26 од Законот за измени и дополнувања на ЗВО бр. 49/2003 и член 94 од бр. ЗВО 35/2008 кои го дефинираат времетраењето на додипломските студии како и членот 116 став 5 од ЗВО бр.35/2008 во кој се уредува издавањето на уверенијата.

Споменатите членови се прикажани подолу: ОБЈАСНУВАЊЕ - ДОКУМЕНТ

Google+