Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски јазик и литература (2023-2024)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-PhDDEDLL180
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор по филолошки науки / Насока: Германски јазик и литература
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Во фокусот на студиската програма се лингвистиката, книжевноста, изучувањето јазик и методологијата на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и германските теории на култура и цивилизација. На катедрата по германистика се вклучени локални предавачи и предавачи од германските јазични подрачја, кои се одлично квалификувани за предавање според модерните методи. Нашата катедра игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. Студиската програма од трет циклус има за цел да им овозможи на докторантите компетенции и алатки потребни за развој на истражувачки проекти кои вклучуваат највисоки научни стандарди и напредни нивоа на етичката важност. Студиската програма е усогласена со современите светски и европски трендови и е споредлива со сличните програми на странските високообразовни институции, особено во рамките на европскиот образовен простор. Студиската програма на докторантите им нуди најнови применети научни и стручни знаења од областа на гермнаската лингвистика и книжевност и усогласеност со најмалку три акредитирани програми на странски високообразовни установи.

Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои ги оспособуваат независно да извршуваат различни научни истражувања особено во полето на германската лингвистика и литература како и да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик, главно на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и изведувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или, пак, во туризмот.

Знаење и разбирање
  • Да има знаење и разбирање во областа на германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од вториот циклус настудии.
  • Да демонстрира специјализирано знаење од германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
  • Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на ниво на средно и високо образование.
  • Да стекнува академско знаење за независна научна работа.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
  • Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
  • Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
  • Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
  • Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на возрасни студенти или за предавање на германски јазик за бизнис или право за возрасни.
Способност за проценка
  • Да ги разгледува различните јазични аспекти на германската лингвистика и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
  • Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германските студии.
  • Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германската лингвистика и литература.
  • Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци во врска со германската лингвистиката и литература како и со другите научни дисциплини од областа на германистиката.
Комуникациски вештини
  • Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германската лингвистика и литература.
  • Да предаваат различни лингвистички концепти на учениците со различни способности.
  • Да комуницираат на соодветен начин, критички да размислуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на студентите.
  • Да покажуваат комуникативна надлежност во училница во однос на управување на училница на ниво на средно и високо образование.
Вештини на учење
  • Да иницира и да извршува независно научно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
  • Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Автономно да студира  во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.

Семестар 1

  • [C2462] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [C2460] [10 ЕКТС] Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
    Целта на овој предмет е докторандите да се запознаат со некои најважни теми на применета лингвистика. Во рамките на предметот се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите итн. Покрај тоа ќе се третираат и некои теми од областа на германската литература.
  • [C2461] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат самостојно да извршуваат научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавањa. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискусиите.

Семестар 2

  • [DLCC0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDLL0101] Германска херменевтика
    • [EDLL0102] Контрастива лингвистика
    • [EDLL0103] Германски теории на култури и цивилизација
    • [EDLCC0104] Изучување на странските јазици
    • [EDLL0105] Јазична политика во ЕУ
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDLL0101] Германска херменевтика
    • [EDLL0102] Контрастива лингвистика
    • [EDLL0103] Германски теории на култури и цивилизација
    • [EDLCC0104] Изучување на странските јазици
    • [EDLL0105] Јазична политика во ЕУ
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научно-истражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.

  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Publications I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2019] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [DLL-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за одбрана.
Google+