Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Граѓанско право (2023-2024)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWCV180C
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор по правни науки / Насока: Граѓанско право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Република Северна Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научно-истражувачката работа во областа на граѓанско-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање
  • Има детални сознанија за граѓанското право, како материјалното така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
  • Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
  • Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
  • Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
  • Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при обучување  лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [C2370] [10 ЕКТС] Граѓанско право (примената програма)
    Цели на предметот: •Стекнување напредни знаење од граѓанското право, овозможувајќи им на студентите да докажуваат зошто во одредени животни ситуации се применуваат нормите на граѓанското право; •Да ги оспособи студентите соодветно да ги толкуваат нормите кои го регулираат предметот граѓанско право; •Да ги идентификуваат правните норми кои се релевантни за решавање на конкретен граѓанско-правен случај; •Да развиваат критички вештини за анализа и толкување на различни норми на граѓанското право од најважните правни системи преку компаративниот метод; •Да се поттикне аналитичко и критичко размислување во врска со проблемите со кои се соочува граѓанското право денес во РСМ.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2783] Споредбено граѓанско право
    • [E2784] Европско семејно право
    • [E2785] Право на интелектуална сопственост
    • [E2786] Споредбено наследно право

Семестар 2

  • [DCV01033] [10 ЕКТС] Граѓанско процесно право (примената програма)
    Цели на предметот: -Да ги оспособи студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на граѓанско- процесното право; -Да развива вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на граѓанско судските постапки.
  • [E2782] [10 ЕКТС] Деловно право (применета програма)
    Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се запознаат со правните правила за извршување на некоја дејност. Начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговец – поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање на некој деловно-правен однос, условите за воспоставување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштита на правата на индустриска сопственост и начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начини за заштита на потрошувачите и др.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2783] Споредбено граѓанско право
    • [E2784] Европско семејно право
    • [E2785] Право на интелектуална сопственост
    • [E2786] Споредбено наследно право

Семестар 3/4

  • [DCV0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По вториот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [C2378] [30 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.

  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2020] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DCV0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [CV-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+