-
[EM517] Трудово право (применета програма)
Цели на предметот:
Студентите да стекнат соодветни знаења за трудовото право и социјалната заштита како позитивна гранка на правото и како наука;
Студентите да стекнат теоретски знаења за главните поими и институти на трудово право и социјалната заштита;
Студентите да се запознаат со корпусот прашања и проблеми кои ги проучува и уредува Трудовото право и социјалната заштита, историскиот развој на институциите на трудовото право и социјалната заштита;
Да се поттикне аналитичко и критичко размислување кај студентите во врска со проблемите со кои со кои се соочува денес трудовото право и социјалната заштита во Република Северна Македонија и пошироко.
-
[??518] Новите репродуктивни технологии и родителско право
Целта на овој предмет е студентите да стекнат напредни знаења за влијанието на напредокот во генетиката и на технологиите за вештачка репродукција врз семејното и родителското право, човековите права и правата на детето, вклучувајќи ги и ефектите од меѓународните договори за националното законодавство. Студентите ќе стекнат знаења за теоретските, етичките и за правните дискусии во врска со прашањата од областа на биотехнологијата, биомедицината и нивното влиание врз создавање на родителските односи, како и балансот меѓу почитувањето на човековите права и основните слободи и потребата да се обезбеди слобода на истражување во оваа поле, како што е на пример правото на детето да го дознае своето генетско потекло. Со изучување на овој предмет студентите ќе стекнат знаењата за новите методи на вештачка репродуктивна технологија кои се дел на современата натална политика. Подетално студентите ќе се запознаат со сите вештачки репродуктивни технологии, како што се: вештачка инсеминација; ин витро оплодувањето, сурогат мајчинство; раѓањето деца од сама жена со донација на генетски материјал; постхумна репродукција; кородителски аранжмани; „техника на раѓање на дете од тројца“; криопрезервација на гаметите или ембрионите.
-
[??519] Споредбено родителско право
Во рамките на овој предмет студентите ќе се здобијат со знаења за најзначајниот институт на семејното право-родителско право во семејното право на РСМ и во споредбеното право. Студентите освен во изучување на традиционалното родителско право, ќе се фокусираат и во најновите институти на родителското право: заедничка родителска одговорност по развод на бракот; правото на детето да го изрази своето мислење; почитување на најдобриот интерес на детето во родителското право; правото на детето да го дознае своето генетско потекло; потребите за промена на терминот „родителско право“ во терминот „родителска одговорност“. Студентите, исто така, ќе го изучуваат современиот начин на создавање на родителскиот однос преку новите репродуктивни технологии (вештачка инсеминација, ин витро оплодувањето, сурогат мајчинство, „техника на раѓање на дете од тројца“, кородителски аранжмани, раѓањето на деца од сама жена со донација на генетскиот материјал, постхумна репродукција). Студентите во овој предмет исто така ќе ги изучуваат и реформите во семејното законодавство на Република Северна Македонија во делот на родителското право.
-
[EMCL-02] Современите имотно правните односи на брачните другари
Со изучување на предметот Современите имотно правни односи на брачните другари се очекува студентите да се стекнат со знаење за законското регулирање на имотните односи на брачните другари во Република Северна Македонија и во компаративно право. Студентите ќе се стекнат со знаења за законскиот режим на заеднички имот, карактеристичен за земјите од поранешна Југославија, ќе се запознаат со режимот заеднички имот во скандинавските земји и Германија, како и со режимот на посебен имот кој е карактеристичен за Велика Британија. Исто така, внимание ќе се посвети и на историскиот развој на имотно-правните односи во Република Северна Македонија. Во современите законодавства се поголемо значење добива и брачниот (предбрачниот) договор, со кој брачните партнери самостојно ги регулираат меѓусебните имотни односи. Студентите ќе се стекнат со продлабочени знаења за брачниот и предбрачниот договор.
-
[EMCL0030] Право на интелектуална сопственост
Овој предмет има за цел студентите :
- Да се запознаат со авторското право и сродните права, нивната правна природа и содржина и нивното времетраење;
- Да стекнат познавања за правата на индустриска сопственост како основа за изучување на правните правила за правната заштита на пронајдоци, трговски марки, индустриски дизајни, географски називи и други форми на индустриска сопственост;
- Да стекнат општи знаења за начинот и условите за регистрација на правата на индустриска сопственост, вклучително и знаења што се однесуваат на општите услови за нивна заштита и регистрација;
- Да се информираат на професионален начин за начините на пренесување на авторското право и правата од индустриска сопственост и да ги запознаат со различните договори за пренесување, стекнување на лиценца и условите за пренесување на овие права, ефектите, последиците итн.;
- Да се обучат за работа поврзана со пренесувањето на правата од индустриска сопственост;
- Да се запознаат со законодавството што ги штити правата на интелектуална сопственост на национално и на меѓународно ниво.
- Да се запознаат со правната заштита на правата на интелектуална сопственост и поточно, со граѓанско-правната заштита, казнено-правната заштита и управно-правната заштита.
-
[EMCL1010] Право на осигурување
Студентите ќе стекнат напредни знаења за правото за осигурување и позитивно законодавство поврзано со оваа сфера. Во рамките на овој предмет студентите ќе бидат во можност да го анализираат осигурувањето според позитивното право на РСМ и правото на ЕУ. Анализирајќи ги правните прописи поврзани со осигурувањето (Закон за облигациони односи) и други посебни закони, студентите ќе можат да ја одредат важноста и предметот на уредување за правото на осигурување. Друга цел на предметот е студентите да стекнат неопходни знаења за осигурување, што денес се смета за основен предуслов за економска и социјална сигурност, како за правните така и за физичките лица, особено за развојот на инвестициската активност. Стекнатите знаења ќе им помогнат да работаат компетентно во областа на осигурувањето.
-
[EM522] Стечајно право
Целта на предметот е студентите да се оспособат самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на стечајот и стечајната постапка, да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката поврзани со стечајот и стечајната постапка;
-
[EM520] Граѓанско-правна одговорност за причинување на штета
Цели на предметот:
-Да ги поттикне студентите критички да ја анализираат примената на правилата за надомест на штета.
-Да развие кај студентите практичен пристап во изнаоѓањето решенија за уредување практични случаи на облигациони односи што настануваат со причинување штета.
-Да придонесе студентите да го разберат влијанието на развојот на економијата врз развојот на отштетното право.
-Да демонстрираат вештини на решавање конкретни случаи на причинување штета и нејзин надомест.
-
[EM521] Договорно Право
Цели на предметот:
Студентите да стекнат основни знаења од договорното право, потребни за склучување на договорен правен однос; студентите да стекнат основни знаења за начинот на склучување на договори и применување на договорно правните институти. Преку учењето на овој предмет студентите ќе бидат во можност да склучуваат одредени договори како извори во облигационото право, разликуваат за каква одговорност се работи, кој треба да одговара и под кои услови.
-
[EM523] Право на заштита на портошувачи
Цели на предметот:
Да им овозможи на студентите да се запознаат со:
• Правните правила за заштита на потрошувачите не само кај нас туку и во компаративното право со посебен осврт во земјите во ЕУ.
• Начините на заштита на правата на потрошувачите;
• Постапката за заштитување на правата на потрошувачите;
• Законските механизми за заштита на правата на потрошувачи како што се јавно-правните механизми, управно-правните и приватно-правните механизми
• И други прашања поврзани со правата на потрошувачите.
-
[EM525] Алтернативно решавање на спорови
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со позитивните страни на алтернативниoт начин на решавање на споровите (медијација, помирувањето, арбитражата, арбитража-медијација, мини судење, рана неутрална оценка), предностите во однос на судската постапка, нивните ефекти, етичките дилеми во медијацијата и сл.
-
[MCCL2023] Споредбено граѓанско право
Цели на предметот се студентите:
• Да стекнат основни знаења за најважните аспекти на компаративното право;
• Да се запознаат со компаративната методологија во изучувањето на граѓанското право;
• Да им се овозможи подобро разбирање за националното право преку изучување на странските права;
• Да развијат критички вештини за анализа и толкување на различни норми на граѓанското право од најважните правни системи преку примена на компаративна методологија.
-
[MCL-0203] Современо семејно право
Овој предмет ги задоволува потребите на сите студенти, без оглед дали бараат да се фокусираат на најважните и најновите институции на семејното право: современото семејство; брачни прашања - престанок на бракот, родителска одговорност, старателство над детето по развод на бракот (заедничка родителска одговорност по развод), поделба на заедничкиот имот на брачните партнери; брачен договор; прашања за заштита на децата - злоупотреба и занемарување на децата и системот на благосостојба на децата; или сакат да се фокусираат на една од субспецијалистичките области - Меѓународно семејно право; реформи во семејното законодавство на РСМ; Меѓународните права на децата - pro future; Застапеност на истополовите семејства; Создавање на семејство преку нова технологија за вештачка репродукција и сите методи за биомедицинско потпомогнато оплодување. Студентите исто така ќе научат за перспективите околу унификацијата и хармонизацијата на семејното право во Европа како и за улогата и придонесот на Комисија за европско семејно право во овој поглед. Преку овој предмет студентите ќе научат за надлежноста на Европската унија во семејните прашања, тие исто така ќе работат на најважните семејни случаи пред Европскиот суд за човекови права.
-
[EM526] Земјишно право
Земјишното право е правото што се однесува на правото на сопственост и на други стварни права на земјиште или на недвижен имот и на правниот режим на различните видови на земјиште. Во поширока смисла на зборот, според начелото superficies solo cedit, земјиштето не се однесува само на земјата, туку и на изграденото и засаденото на тоа земјиште.
- Предметот има за цел да им обезбеди на студентите релевантни знаења за земјишното право и регулативите во оваа област.
- Студентите ќе се запознаат со различните класификации на земјиште, како што се градежното земјиште, земјоделското земјиште, шумите, пасиштата, ловиштата и гробиштата и нивното правно уредување.
- Студентите ќе запознаат со правната регулатива што се однесува на други видови на недвижности како што се зградите, и ќе се стекнат со знаења за различните видови згради: објектите за живеење или станбените згради, објектите за комерцијални цели или деловните згради и други.
- Студените ќе се запознаат со: процесот на територијално планирање и развој на територијата, процесот на запишување на права на недвижности, процесот на национализација и денационализација на имот и процесот на легализација на имот.
- Студентите ќе се приспособат да ги разликуваат различните видови на недвижности и правниот режим што се применува за секој од нив и ќе се запознаат со административните процедури поврзани со нивното управување.
-
[EM527] Запишување права на недвижности
Овој предмет е еден сегмент од Стварното право, преку кој студентите ќе се запознаат со системот на запишување на права на недвижности во РСМ, со основните начела на запишување на недвижностите, како и со начинот на запишување на правата.
• Студентите ќе се запознаат со геодетско-катастарскиот информационен систем (ГКИС) кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап кон податоците од катастарот на недвижностите, како и со видовите на податоци содржани во ГКИС.
• Студентите ќе се запознаат со работата на Агенцијата за Катастар на недвижности, со статусот и надлежностите на Агенцијата, со органите на Агенцијата за катастар на недвижности и со структурата на стручните служби во Агенцијата.
• Студентите ќе се стекнат со знаења за начините на востановување на катастарот на недвижности, т.е. ќе се запознаат со: систематското запишување на правата на недвижностите, поединечното запишување на правата на недвижностите, запишувањето на незапишаните права на недвижности по востановувањето на катастарот на недвижности и конверзијата на податоците од катастар на земјиште во катастар на недвижности.
• Студентите ќе се запознаат со правата, начините на запишување на правата, видовите на запишување, основите за запишување на правата на недвижностите во катастарот на недвижности, податоците кои ги издава катастарот, како и начинот на одржување на катастарот на недвижности.
• Преку овој предмет студентите ќе ја совладаат техниката на правилна примена на законските прописи од областа на запишувањето на правата на недвижности.
• Студентите ќе се стекнат со мултидисциплинарни знаења, не само од правната област, туку и од областа на геодетските работи, кои ќе им овозможат суштествено да ги решаваат прашањата од областа на запишувањето на правата на недвижностите.
• Ќе се поттикне аналитичкото и критичкото размислување на студентите во врска со проблемите и предизвиците со кои се соочува системот на запишување на недвижностите на РСМ.
-
[EM528] Родова еднаквост и недискриминација
Предметот Родова еднаквост и недискриминација има за цел да им претстави на идните правници слика што е можно поблиску до вистината за родовата еднаквост и недискриминација, за да можат тие да формираат правично разбирање за овие прашања, да ги искоренат предрасудите и стереотипите, кое дополнително ќе влијае за подобрување на нивната работа преку изготвување закони и воспоставување праведни институции и системи во фер и непристрасно спроведување на законот.
- Овој предмет има за цел да се објасни концептот на родовата дискриминација, на родовите стереотипи и предрасуди, на еднаквоста, интеграцијата и родовата правда.
- Друга цел е да се подигне свеста на студентите за важноста на родовата рамноправност како почитување на човековите права на жените и мажите, како и за последиците на родовата нееднаквост.
- Предметот, исто така, има за цел да ги анализира врските помеѓу проблемот на родовата еднаквост и правната област, да понуди напредни законски модели во областа на родовата еднаквост и да им помогне на студентите да го разберат и анализираат постојното законодавство за родова еднаквост, семејното насилство и недискриминацијата во РСМ.
- Студентите ќе се запознаат и со нормите на меѓународното право во областа на родовата еднаквост и начините на правна заштита од дискриминација.
-
[EMCL-07] Нотарско Право
Цел на предметот нотарско право е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења за овој дел на правото и со специфични вештини за примена на ова право во практиката. Посебни задачи на оваа програма се: студентите да се оспособат самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните поими и институти на нотарското право, да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката поврзани со вршењето на одделните нотарски работи.
-
[EMCL05] Правна клиника - граѓанско право
По завршување на овој предмет, студентите ќе можат:
• Активно да ги применуваат теоретските правни начела во конкретни и секојдневни правни проблеми;
• Да покажат практични правни вештини во справувањето со клиентите во правната пракса,
• Да изготвуваат добро структуриран правен акт или правна анализа за клиентот;
• Да работат ефикасно во професионална средина како и индивидуално така и колективно.