Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албанолошки студии (2023/2024)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: ALB-60
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Магистер по албанолошки студии
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Преку постдипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.

Дипломираните студенти ќе може да се вработат во различни полиња  од професионалниот и од општествениот живот:

Настава: во јазичните школи, во гимназии,  во основните и средните  училишта, универзитети итн.

Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, толкувач на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/толкувач во судови и други слични институции, преведувач/толкувач во стручни и професионални организации, преведувач/толкувач во општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ толкувач во меѓународните организации.

Знаење и разбирање

Преку оваа програма кандидатот се стекнува со разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како едно дисциплинарни така и  интердисциплинарни. Со ова тој се стекнува со понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на знаења овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и на професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат во образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Тие може да работат како истражувачи во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работат како новинари, уредници и лектори, но и како јазични критичари низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесат за прашањето за примената на литературната норма. Може да работат како преведувачи и толкувачи на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Студентите ќе можат да составуваат и оценуваат наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование.  Тие исто така ќе имаат способност да оценат и да споредат преводи од еден јазик на друг. Ќе можат да оценат редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Тие ќе имаат способност да бидат членови во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги проценат најдобрите  јазични и литературни студии.  Тие ќе имаат способност да се вклучат во истражувачки тимови, да состават литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници. 

Комуникациски вештини

Студентите ќе стекнат професионална вештина за одржување часовипо литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласностсо план-програмите за основните и  средните  училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература.  Тие  ќе можат да преведуваат научно-лингвистички и литературни дела.  Ќе може да учествуваат на локални и на меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења ќе можат да презентираат свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Ќе можат да напишат рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Ќе можат да  реализираат независни истражувања и да преземат одговорност за резултатите. Ќе може да издаваат научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.

Вештини на учење

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учениците да се претставуваат како идни лидери и да иницираат промени во училиштата и/или другите институции. За да постигнат подобри резултати, може да презентираат нови знаења, може да ги обучуваат другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; Тие ќе можат да одржат обуки  за подготвување проект,  за пишување научен труд и др.  Ќе можат да предложат новини кои недостасуваат во некоја институција како што се  отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложат методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците.

Семестар 1

  • [EM561] [6 ЕКТС] Теорија на интертекстуалност
    Цели на предметната програма: 1. Компарации на текст со друг текст. 2. Техника на наоѓањето на сличностите и разликите на еден текст со друг. 3. Интертекстуална рамка на споредување на јазиците текстовите. 4. Теоријата на цитатноста на текстот. 5. Дијалогизам на текстовите.
  • [AS0103] [6 ЕКТС] Албанска цивилизација
    Преку овој предмет ќе се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
  • [AS0107] [6 ЕКТС] Етнолингвистика
    Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др.
  • [AS0102] [6 ЕКТС] Балканска димензија на албанскиот фолклор
    Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Modern Albanian Poetry studies
    • [EM567] Компаративна книжевност
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност

Семестар 2

  • [CM216] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали преку квалитативните и квантитативните напредни методи.
  • [AS0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањето на индивидуалната научно - истражувачка работа со своите специфични карактеристики.
Google+