Изборите на Студентското собрание и асоцијација (ССА) 2022/2023 година беа завршени со конститутивна седница на ССА која се одржа на 30. ноември и на која беа присутни сите 18 новоизбрани кандидати за да ги предложат и гласаат претседателот и потпретседателот на собранието.
Целосниот изборен процес беше поддржан и следен од Изборната комисија која овозможи фер и демократски студентски избори. Сепак, на комисијата и беа предочени одредени неправилности поврзани со некои етички прашања и тие резултираа со повлекување на Комисијата од изборите за претседател и потпретседател.
Новото Студентско собрание го избра г. Демир Демири за нов претседател со 12 гласа „за“ и 6 неважечки гласачки ливчиња и г. Адем Сопа за потпретседател со 17 гласа „за“ и едно неважечко ливче. УЈИЕ останува посветен на обезбедување на задоволство на студентите од високите стандарди за квалитет во сите сфери на нивните активности и искуства во текот на студиите.