„УЈИЕ и високото образование помеѓу денес и иднината“, беше темата на презентацијата на ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој истовремено ја презентираше својата визија за иднината на Универзитетот.
Ректорот Беџети во своето излагање се задржа на клучните точки од развојот на Универзитетот и на главните предизвици со кои се соочува УЈИЕ. Тој детално елаборираше за средината во која работиме како високообразовна институција, нагласувајќи ја визијата и стратегијата на Европската универзитетска асоцијација (ЕУА), која е „Универзитети без бариери“.
„Согласно оваа визија, универзитетите треба да бидат отворени, трансформативни, одржливи, разновидни, самостојни и одговорни. Меѓутоа, во моментов во образовната средина во Северна Македонија, овие трендови се наспроти политиките на ЕУ“, нагласи ректорот Беџети.
Во однос на позицијата на УЈИЕ, ректорот Беџети истакна дека Универзитетот го следи трендот на континуирана трансформација, актуализирајќи ја понудата на нови студиски програми во согласност со барањата на пазарот на трудот.
„До крајот на новата академска година се очекува да има статутарни измени и основање на нов факултет за технички науки. УЈИЕ има стабилна финансиска позиција и има политика на континуирани вложувања. Новата академска година студентите ќе ја започнат со лаборатории со околу 300 нови компјутери“, рече меѓу другото во своето излагање ректорот Беџети.
За време на обуката се разговараше за актуелни теми кои беа презентирани од обучувачи од соодветните области и кои предизвикаа интерес кај присутните вработени.
Зголемувањето на свеста за позитивните и за негативните страни на вештачката интелигенција, целта да се држи чекор со дигиталните компетенции на новите генерации студенти беше едно од прашањата за кои се дискутираше на обуката на тема: „Вештачката интелигенција во образованието: предизвици и можности“. Академскиот и административниот кадар, исто така, имаа можност да ја проследат презентацијата поврзана со идентификувањето и спречувањето на сите случаи на мека форма на корупција во високото образование, како и придонесот во сите активности на УЈИЕ во однос на промовирање на етичкото однесување во образованието. На тема „Зголемување на капацитетот и профилот на индивидуалните и на институционалните истражувања“, презентација одржа познатиот меѓународен експерт, проф. д-р Ентони Гоулд.
За време на вториот ден од обуката ќе бидат обработени важни теми за интерперсоналниот и социокултурниот профил на современиот наставник/педагог, и за начините како да се стане лидер на академски и претприемачки проект.
Традиционалната обука на кадарот ја организираше Канцеларијата за квалитет на УЈИЕ.