Проширувањето на Алијансата создава нови можности за мултилатерална и билатерална соработка меѓу универзитетите членки.
На состанокот беше разгледан и Извештајот за напредокот во првите 18 месеци од проектот. УЈИЕ беше оценет меѓу 2-3 членки кои имаат најдобри резултати и ги исполнуваат досега поставените цели.
Во рамките на проектот, УЈИЕ е носител и одговорен за Работниот пакет 2 (WP2), посветен на развојот на дигитализацијата во деветте европски универзитети членки на Алијансата.
