На дводеневната конференција се собраа над 123 учесници од 20 земји и ср понуди меѓународна платформа за претставување на истражувања, размена на академско и стручно искуство и разгледување на современите правни и општествени предизвици.
Првиот ден беше организиран во шест тематски панели посветени на клучните случувања во правната наука, европските интеграции и правните реформи. Вториот ден се состоеше од седум тематски панели кои се занимаваа со миграцијата, мобилноста и високото образование, со посебен акцент на правните и институционалните предизвици во овие меѓусебно поврзани области. Заедно, сесиите поттикнаа интердисциплинарен дијалог и создадоа можности за меѓународна академска соработка.
Академската програма дополнително ја збогатија излагањата на истакнатите главни говорници, проф. д-р Јан Де Груф и проф. д-р Дирк Ванхеуле. Проф. д-р Де Груф ги разгледа случувањата и предизвиците во образовното право, човековите права и управувањето со образованието, додека проф. д-р Ванхеуле го сподели своето стручно знаење за миграцијата, мобилноста и правните рамки што ги уредуваат правата и заштитата на мигрантите.
На конференцијата присуствуваа и г. Африм Фидани, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и г. Фатон Селами, народен правобранител на Република Северна Македонија. Нивните излагања понудија институционални гледишта за улогата на судството и на правобранителот во одбраната на владеењето на правото, заштитата на основните права и зајакнувањето на институционалната одговорност.
Со својата меѓународна застапеност и разновидна академска програма, ISCLS '26 ја потврди важноста на академската и институционалната соработка во справувањето со новите правни предизвици и во унапредувањето на правното истражување и практика.
Кадарот од Правниот факултет на УЈИЕ им искажува благодарност на главните говорници, учесниците, претставниците на институциите, партнерските институции, модераторите и организацискиот тим за нивниот важен придонес во успешната организација на ISCLS '26.
