Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, во кампусот на УЈИЕ во Тетово и онлајн, со учество на истражувачи, универзитетски професори, меѓународни експерти и практичари од областа на правосудството.
Под темата „Правни реформи и европска интеграција: Зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан“ (Legal Reforms and European Integration: Strengthening the Rule of Law in the Western Balkans), конференцијата има за цел да создаде платформа за размена на знаење и дискусија за современите правни предизвици, со фокус на правните реформи, европските интеграции и зајакнувањето на владеењето на правото на Западен Балкан.
Според Програмата на првиот ден, на 18 ноември, ќе бидат опфатени презентации и дискусии од различни области на правото, вклучувајќи уставно, кривично, граѓанско, трговско и семејно право, човекови права, европски интеграции, како и прашања поврзани со дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Вториот ден, на 19 ноември, ќе биде посветен на темата „Миграции, мобилност и образование преку границите“ (Migration, Mobility and Education across Borders), со фокус на миграцијата, мобилноста, образованието преку граници, признавањето на квалификации и академската и професионалната мобилност.
Главни говорници на конференцијата се двајца меѓународно признати експерти: проф. Јан Де Гроф (Jan De Groof), истражувач во областа на правото на образование и поранешен на специјален преставник на УНЕСКО за правото на образование, кој ќе учествува на двата дена од конференцијата, и проф. Дирк Ванхејле (Dirk Vanheule), професор по право на миграции на Универзитетот во Антверпен и директор на Истражувачка група за влада и право, кој ќе даде придонес во вториот ден.
Конференцијата се организира под координација на проф. д-р Албана Метај-Стојанова, во соработка со д-р Федерика Торта.
Повеќе информации: ISCLS’26 – Официјална страница на конференцијата
