По средбата, амбасадорката Џанел одржа предавање пред студентите на УЈИЕ со наслов „Каков вид ниднина сакате?“. Во име на УЈИЕ, проф. д-р Беса Арифи, советник за заедницата и меѓународни односи, ѝ посака добредојде на амбасадорката. Во своето обраќање, таа ги истакна посебните историски врски на Холандија со Универзитетот и значајниот придонес на холандската влада за неговото основање и развој.
„Холандија зазема посебно место во историјата на нашиот Универзитет. Од самите негови почетоци, холандската влада беше важен партнер во поддршката на основањето и развојот на УЈИЕ и неговата визија за инклузивен, повеќејазичен и меѓународно ориентиран универзитет“, нагласи проф. д-р Беса Арифи. Таа додаде дека во годината кога УЈИЕ слави 25 години од своето основање, Универзитетот изразува посебна благодарност за долгогодишното пријателство и соработка со Холандија.
За време на предавањето, амбасадорката Џанел зборуваше за улогата на Холандија како земја-членка на Европската Унија, охрабрувајќи ги студентите да размислат за иднината што сакаат да ја изградат и за улогата на земјите-членки на ЕУ во процесот на европска интеграција. Предавањето беше проследено со конструктивна дискусија со студентите, кои покренаа прашања за начините како да се поттикнат младите луѓе да ја замислат својата иднина во сопствената земја, да земат активна улога во општеството и да дадат придонес за неговиот развој.
Средбата и предавањето уште еднаш ја потврдија важноста на односите меѓу УЈИЕ и Холандија, како и вредноста на дијалогот за европската перспектива и можностите за продлабочување на соработката преку заеднички иницијативи и проекти.
