Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во име на Универзитетот и во свое лично име, упати најискрено сочувство до семејството Хадери, притоа истакнувајќи го значајниот придонес и поддршка на проф. д-р Суло Хадери во институционалниот развој на Универзитетот.
Неговите колеги и соработници од Факултетот за бизнис и економија го паметат проф.д-р Хадери со почит и особена благодарност за неговата безрезервна поддршка и континуираната соработка, од 2003 година па сè до пред неколку години.
Неговата професионална и човечка соработка остави драгоцени траги во развојот на Факултетот за бизнис и економија и на Универзитетот во целина, се наведува, меѓу другото, во телеграмата со сочувство.
