Најнови информации
-
На УЈИЕ се одбележа Денот на Албанското училиште
6 март 2018На состанокот со деканите на факултетите и директорите на академските центри на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), ректорот Замир Дика го одбележа 7 Mарт - Денот на албанското училиште и денот на наставниците - истакнувајќи дека овој ден значајно придонесе за ширење на образованието на албански јазик.
-
Студенти од Факултетот за Бизнис и економија учествуваа на проект финнасиран од германската влада
19 февруари 2018Рита Беадини, Рина Велију и Мирјета Мустафи, студенти од Факултетот за бизнис и економија, учествуваа на проект за студентско менторство во Сараево, од 14 до 16.02.
-
УЈИЕ и Универзитетот во Приштина потпишаа меморандум за соработка
16 февруари 2018На десетгодишнината од Независноста на Косово и на 48. годишнината од основањето на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот во Приштина и Универзитетот на Југоисточна Европа ( УЈИЕ).
-
Заедничка работилница помеѓу УЈИЕ и Универзитетот за образование во Цуг - Швајцарија
14 февруари 2018Заедничка работилница помеѓу УЈИЕ и Универзитетот за образование во Цуг - Швајцарија
-
Уште една уникатна новост на Правен факултет УЈИЕ!
9 февруари 2018Почнувајќи од 12 Април 2018 година, Правниот факултет при Универзитетот на Југо-Источна Европа во Тетово ќе почне со реализација на програмата “Обука за подготвување на правосудниот испит”. Обуката е акредитирана од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија и претставува иновација на Правниот факултет – УЈИЕ разликувајќи го истиот од другите правни факултети во земјата.
-
Обука за Подобрување на стандардите за изведба на УЈИЕ
31 јануари 2018„Подобрување на стандардите за изведба на УЈИЕ“ беше клучната тема на програмата за обука на администартивниот и на академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа. Оваа програма за развој беше организирана од канцеларијата за обезбедување квалитет на УЈИЕ.
-
Новогодишна честитка од ректорот на УЈИЕ
29 декември 2017Новогодишните празници се добра можност за да ја споделиме радоста и желбите за здравје и успех!
-
Ректорот Дика: Меѓународната заедница оцени дека Универзитетот на Југоисточна Европа е успешен бренд кој треба да се негува
27 декември 2017„Оваа година, Одборот на Универзитетот ја одобри стратегијата за развој, именувана 4.0. Овој стратешки план е потврда и на стремежот да бидеме лидер на напредни трендови во високото образование и креатори на знаења и компетенции кои се споредливи со западноевропските универзитети“ рече проф.д-р Замир Дика на традиционалниот брифинг со новинирите на крајот на годината кој се одржа во вторник (26 декември 2017 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).
-
Амбасадорите Жбогар и Ромео на УЈИЕ за 60-годишнината од Договорите од Рим
22 декември 2017НЕ Семуел Жбогар, aмбасадорот на ЕУ во Македонија, и НЕ Карло Ромео, амбасадорот на Италија беа вклучени во дискусијата со студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово во средата (20 декември 2017 год.), по повод одбележувањето на 60-годишнината од потпишувањето на Договорите во Рим.
-
Бизнис- форум: Расте трендот на заминување на младите и квалификувани кадри од земјава
21 декември 2017Трендот на млади и квалификувани кадри кои заминуваат од државата е загрижувачки за опстанокот на компаниите, потенцираа експертите на денешниот бизнис-форум на тема „Предизвиците на менаџментот на човечките ресурси во компаниите во Македонија“, кој се одржа во вторник (19.12.2017 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Проф. д-р Блерим Река присуствуваше на средбата организирана од премиерот Зоран Заев со Европските експерти за евроатлантска интеграција
20 декември 2017На 19.декември 2017 година, проф.д-р Блерим Река, проректор за меѓународни односи на Универзитетот на Југоисточна Европа присуствуваше на средбата организирана од премиерот Зоран Заев со Европски експерти предводени од Флориан Бибер и Хедвиг Морваи.
-
Катедрата за англиски јазик на УЈИЕ одржа обука за наставниците во Бујановац
19 декември 2017На 14 и 15 декември Агим Пошка и Ендру Гудспод од Катедрата за англиски јазик одржаа две обуки на наставниците во Прешевската долина, со посебен акцент врз образованието за децата со посебни потреби.
-
Предавање на амбасадорот Џес Бејли за студентите на УЈИЕ
12 декември 2017„Поддршката на САД за аспирациите за европска интеграција на Македонија е присутна и продолжува“, рече амбадасорот на САД во Македонија, Џес Бејли на предавањето кое го одржа денес (12.12.2017) за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.
-
Тероризам и злосторства од омраза- предавање на помошникот на американскиот државен правобранител за студентите на Правниот факултет
11 декември 2017„Тероризам и злосторства од омраза: заштита на човековите права на муслиманските Американци по ширењето на терористички инциденти“, беше темата на предавањето која се одржа во понеделник (11.12.2017 година), во УЈИЕ во Тетово, од Скот Л. Гарланд - Помошник на американскиот државен правобранител и Џон Т. Мекнеил – постојан правен советник во Амбасадата на САД во Скопје.
-
-
Технолошкиот парк на УЈИЕ овозможува иновации и „паметни“(smart) партнерства меѓу универзитетите, индустријата и Владата
1 декември 2017Технолошкиот парк на Универзитетот на Југоисточна Европа (SEEU TechPark) е во согласност со стратешките цели на јавната политика за економски развој на Македонија и регионот, бидејќи секторот за информатички и комуникациски технологии во Македонија и во регионот е способен за одржлив развој.
-
Ректорот Дика: Дизајнирањето на високото образование треба да соодветствува со барањата на општеството
30 ноември 2017Во фокусот на надворешната евалуација на Европската асоцијација на универзитети, беше интернационализацијата на универзитетите. Денес, достигнувањето интеграција на мултикултурната и повеќејазичната заедница е срж на мисијата на УЈИЕ и може да се постигне на предавања во кои наставата се изведува на англиски јазик, со директно искуство од реалниот пазар на трудот, како и со меѓународните искуства и стандарди.
-
Професор Фарингтон: Потребна е пофундаментална ревизија на целите на универзитетското образование за да се подготват студентите за реалниот пазар
30 ноември 2017Претседателот на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Денис Фарингтон во своето обраќање по повод 16-годишнината од основањето на УЈИЕ зборуваше за своето интересно меѓународно искуство во однос на развојот на виското образование во различни земји.
-
На УЈИЕ се одбележа Денот на Албанското национално знаме
28 ноември 2017„Денот на албанското знаме е запишан во колективната меморија како празник кој за 105 години ја обележа најодлучувачката пресвртница во историјата на нашата национална свест.“рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. Д-р Замир Дика, во своето воведно обраќање на свечената церемонија по повод Денот на независноста на албанската држава на 28 ноември.
-
Проф. д-р Ветон Љатифи одржа предавање за спорот со името Грција-Македонија на Универзитетот Оксфорд
28 ноември 2017Проф. д-р Ветон Љатифи го презентираше својот научен труд на меѓународната академска конференција за „Македонскиот спор за името денес: прозорец на можноста“, кој се одржа на 18 ноември во организација на Одделот за студии за Југоисточна Европа во Оксфорд (SEESOX), кој е дел од колеџот „Св Антониј“ на Универзитетот во Оксфорд (Велика Британија).