Најнови информации
-
Заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи,
17 мај 2012„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, беше темата на која во средата (16 мај 2012 година) одржа предавање пред студентите и пред вработените на УЈИЕ, заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи.
-
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, одржа предавање за 100-годишнината од независноста на Албанија.
15 мај 2012Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, пред студентите и вработените на УЈИЕ, во вторникот (15 мај 2012), одржа предавање на тема: „100-годишнината од независноста на Албанија“.
-
Директорот на францускиот директорат за Централна Европа, г. Ерик Фурние, го посети УЈИЕ
9 мај 2012На Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово, денес (8 мај 2012), престојуваше г. Ерик Фурние, директор на Директоратот за Централна Европа во Француското министерство за надворешни работи, придружуван од францускиот амбасадор во Скопје, Жан Клод Шлумберже.
-
По седми пат се одржа Саемот на кариерата
7 мај 2012На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во понеделникот (7.05.2012), по седми пат се одржа Саемот на кариерата каде што учествуваа над 50 компании.
-
Студентите на УЈИЕ се сретнаа со претседателот Иванов
7 мај 2012Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, вчера (3. мај 2012) оствари средба со студентите со повисока просечна оценка кои студираат на факултетите на природните науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Студентите на Правниот факултет на УЈИЕ престојуваа во германскиот бундестаг
4 мај 2012Студентите на Равниот факултет на УЈИЕ престојуваа во германскиот бундестаг
-
На УЈИЕ се одржа „Олимпискиот ден“
3 мај 2012Универзитетот на Југоисточна Европа, во петокот (27 април 2012), го организираше „Олимпискиот ден“. Целта на овој ден беше да се претстават разновидноста на активностите и на учесниците непосредно пред одржувањето на Олимписките игри во Лондон 2012.
-
Се одржа „Викендот на претприемништвото“
2 мај 2012Во рамките на проектот „Осмели се! Направи го првиот чекор!“ во петокот, (27 април 2012), на УЈИЕ во Тетово се одржа „Викендот на претприемништвото“.
-
ОСМЕЛИ СЕ! НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!
18 април 2012ОД СТУДЕНТ ДО ПРЕТПРИЕМНИК – ЗА ЕДЕН ВИКЕНД „Во петокот бев само студент кој имаше идеја, а во недела ќе го имам готов планот на мојот бизнис.“
-
-
Промовирање на првите постдипломски студии за развој на граѓанското општество единствени во Македонија и во регионов
11 април 2012Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за институционален развој – ЦИРа, одржаа заедничка прес-конференција во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, чија цел беше претставување на новите постдипломски студии за „Развој на граѓанското општество“, кои ќе се спроведуваат на Факултетот за јавна администрација и политички науки при Универзитетот на Југоисточна Европа. Овие студии беа дизајнирани во партнерство помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Центарот за институционален развој – ЦИРа од Скопје.
-
-
Промовирана книгата „Мал бизнис и претприемништво“
2 април 2012Во среда (28 март 2012 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово беше промовирана книгата „Мал бизнис и претприемништво“ од авторите проф. д-р Бобек Шуклев и доц. д-р Вељанд Рамадани.
-
Предавање на експерт за женско претприемништво во УЈИЕ
27 март 2012Во вторникот (27 март 2012) г-ѓа Џули Викс за студентите и за вработените на Факултетот за бизнис и економија одржа предавање на тема: „Трендовите на женското претприемништво на меѓународно ниво – Кои се жените сопственички на бизниси денес?“
-
Се одржа саемот на јазиците
27 март 2012Во петокот (24 март 2012) Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа го организираше Саемот на јазиците. Во рамките на Саемот, студентите од овој факултет ги подготвија своите штандови на кои беа претставени одредена држава и одреден јазик.
-
Бренда Пирсон одржа предавање пред студентите на насоката Комуникација на УЈИЕ
26 март 2012Истакнатиот американски експерт за проблемите на Балканот, Бренда Пирсон, одржа предавања пред студентите на насоката Комуникации на УЈИЕво врска со актуелните политички случувања во балканските земји.
-
Средба со АЛУМНИ на Косово
19 март 2012Многу значајна средба, впечатлива, погодена е целта... Убаво е да видиш дека некој се грижи за студентите и по завршување на студиите. Ова беа некои од исказите на присутните на првата средба со поранешните студенти на УЈИЕ од Косово, која се одржа во петокот (16 март 2012) во Приштина.
-
Договор за образовна соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Мајкрософт, со цел поголем квалитет на студирањето
19 март 2012Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Мајкрософт во Република Македонија во петок (16 март 2012 година) потпишаа Договор за образовна соработка.
-
На УЈИЕ е промовирана книгата „Косово во југословенската криза“
19 март 2012Министерот за образование, наука и технологија на Република Косово, Рам Буја, во средата (14 март 2012) на Универзитеттот на Југосисточна Европа ја промовираше книгата „Косово во Југословенската криза“.