Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Информациски системи и менаџмент (2022/2023)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: N-PhDISM
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор на науки по информациски системи и менаџмент
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Информациските системи и услуги се суштински дел од секојдневниот живот, без разлика дали станува збор за личен, социјален или професионален. Трендовите насочуваат на тоа дека овие алатки се непроценливи за бизнисите, заради фактот што ги поддржуваат нивните секојдневни процеси, обработуваат податоци и со користење на најнови технологии помагаат при донесување стратешки одлуки, со што на крајот поттикнуваат и дигиталните иновации.

Третиот циклус на докторски студии по Информациски системи и менаџмент при Факултетот за современи науки и технологии ги поддржува традиционалните ИТ-технологии со нагласок на бизнис ориентацијата кон индустријата. Оваа експертиза е широко позната дисциплина во континентална Европа. Таа се фокусира не само на техничките прашања, туку ги вклучува и информациските системи и структурните пристапи за моделирање и за анализа на деловните процеси и проблеми кон подобро управување (менаџмент) на различни процеси во приватно или јавно управување. Програмата е особено важна заради фактот што нуди и бара да научниците спроведат иновативни истражувања што ја опфаќаат сложената и возбудлива меѓусебна поврзаност на технологијата и информациските системи, економијата, јавната политика и управувањето.

Програмата претставува продолжение на едукацијата на кадрите, кои ги завршиле додипломските и последипломските студии. Програмата ќе овозможи повисок степен на усовршување во научните, истражувачките и професионалните области и во нивните самостојни истражувачки дејности, како и во академската и професионалната кариера. Со овој процес на студирање студентите ќе стекнат академски, интелектуални и технички компетенции и вештини за комуникации преку различни форми за подготвување за научно-истражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваат и бараат нов пристап кон подготвување на новите генерации со научни звања, а целта е создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.

Докторските студии по Информациски системи и менаџмент вклучуваат широк спектар на теми и проблеми, но некои клучни области кои се предлагаат, но не се лимитирани, вклучуваат:

  • Економија на дигитализација;
  • Анализа на податоци од големи размери, вклучувајќи и машинско учење и вештачка интелигенција;
  • Услуги за е-влада и паметно општество;
  • Услуги за финансии и банкарство;
  • Информациска безбедност и приватност;
  • Трансдисциплинарни деловни услуги како што се:
  1. Моделирање на информации за згради – дигитална трансформација во индустријата за архитектура, инженерство и градежништво;
  2. Здравствена заштита и ИТ;
  3. Мобилност и дигитален транспорт;
  4. Дигитални права, заштита на податоци и управување со политики, и други.

Програмата предвидува продолжување на образованието на кадри, кои имаат завршено додипломски и постдипломски студии. Програмата ќе им овозможи највисоко ниво на научно-истражувачката подготовка во професионална област и сопствени истражувачки активности, како и во професионална и академска кариера. Во овој процес на студирање, студентите ќе стекнат компетенции  и академски, интелектуални и технички комуникациски вештини преку разни форми и ќе бидат подготвени за научно-истражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваат и бара нови пристапи за подготовка на нови генерации на научни сознанија за потребите на општество базирано на знаење и се посветени на глобалниот пазар на трудот во областа на информациските системи и менаџментот.

Знаење и разбирање
  • Поседување знаење и разбирање  во областа на информациските системи и менаџментот.
  • Способност да се развијат и имплементираат оригинални и креативни идеи во средини каде што се преклопуваат или се меѓусебно поврзани области од информациските системи и менаџментот.
  • Способност за примена на интердисциплинарни знаења и демонстрирање специјалистички компетенции во областа на информациските системи и менаџментот.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање на проблеми во нови, претходно несочени или средини за кои нема претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална организациска средина.
  • Планирање, администрирање и евалуација на независно истражување во областа на информациските системи врз основа на релевантни национални и меѓународни публикации.
  • Креативност и оригиналност во толкувањето на знаењата за е-технолошките процеси и соодветна употреба на компјутерски алатки и средини врз основа на дефинирани техники за истражување.
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со компјутерските науки со користење компјутерски алатки и техники.
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со процесите специфични за информациска технологија, за идентификација на соодветни специјализирани инстанци во областа на компјутерските науки и информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
  • Способност за јасно и недвосмислено комуницирање на заклучоци, резултати, студии и знаење на специјалисти од информациските системи со способност за приспособување на стилот и формата на изразување за неспецијалисти.
  • Компетентност за критични, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
  • Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и групи во случаи во кои комнукациските, организациските и дигиталните компетенции се од суштинска важност. 
Вештини на учење
  • Способност за идентификација на личните потреби и насоки за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување самостојно и автономно во области на компјутерските науки.
  • Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани и нови информациски технологии.

Семестар 1

  • [C2012] [10 ЕКТС] Kвантитативни методи на истражување
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со проблемите во економетријата, вклучувајќи ги и специфичните избори и функционалните форми, превенцијата од злоупотреба на претпоставките на класичниот линеарен модел, елементите на веројатноста и статистиката за економетрија, интуицијата и теоретската процена на регресивните модели со една и повеќе променливи, извршувањето оригинално емпириско истражување, екстензијата на генералниот линеарен модел, структурата на динамичниот модел и процената на променливите со ограничена зависност и др. Предметов е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторски проект – теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за концептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за квалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредните информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата. Епистемолошките аспекти на предметот ќе се материјализираат низ следниве прашања: Што е теорија на спознанието, што е спознание, како се доаѓа до научните знаења и вистината?
  • [C2013] [10 ЕКТС] Општа економија и теорија
    Целта на овој предмет е студентите да станат свесни за напредните принципи на економијата, но и за современите теми. Овој предмет ќе им помогне на студентите во одлучувањето за нивната област на истражувачки интереси.Поточно, целите на предметот Општа економија и теорија се да им овозможат на студентите: • Да ги разберат микроекономските и макроекономските теории и концепти и нивната примена во реалниот свет. • Да го разберат влијанието врз поединците и врз општествата низ економските интеракции меѓу нациите. • Да се развие свесност за развојните проблеми со кои се соочуваат народите, додека минуваат низ процесот на промена.
  • [DET0103] [10 ЕКТС] Напредни теми од информациски системи
    Цели на предметот: Изучување на напредни концепти од областа на терминологијата на информациските системи - Напредни информациски системи и концепти: хардвер, софтвер, мрежи; - Е-World: напредни решенија за е-бизнис и е-трговија; - Развојни процеси. Да научат повеќе за напредните информациски системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредностите и разните бизнис-процеси во организациите. Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и е-бизнисот. Да се оспособат да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научно-истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.

Семестар 2

  • [C2017] [10 ЕКТС] Методи на истражување на компјутерски науки
    Целта на овој предмет е да се воведат концептите на методи на истражување во компјутерските науки за докторанди кои ќе ги преиспитуваат во нивното истражување, да ги разберат предностите и слабостите на секоја од овие методи, како и да изберат соодветна метода или методи за нивните истражувања, како да спроведат истражувања со користење на овие методи, како правилнода се идентификуваат недостатоците поврзани со овие методи и да се справат со нив и соодветно да ги изнесат резултатите од овие истражувања.
  • [10 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EET0102] Напредни теми од применета статистика за обработка на податоци
    • [EET0112] Напредни теми од сигурноста во информациска технологија
    • [EET0115] Напредна аналитика на големи податоци (Big Data)
    • [EET0114] Напредни теми од областа на применети информатички и комуникациски технологии во други области
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDBA0102] Претприемнички менаџмент - напредно ниво
    • [EDBA0101] Менаџмент на знаење, иновации и конкурентност
    • [C2014] Економија на однесување на животната средина
    • [E2708] Виртуелна, зголемена и проширена реалност во информациските системи
    • [E2709] Здравствена заштита и ИТ Advanced topics in Healthcare and IT
    • [E2710] Напредни теми од Моделирање на информации за згради (BIM)
    • [E2711] Напредни теми од Мобилност и дигитален транспорт
    • [E2712] Напредни теми од Дигитални права, заштита на податоци и управување со политики
  • [10 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EET0102] Напредни теми од применета статистика за обработка на податоци
    • [EET0112] Напредни теми од сигурноста во информациска технологија
    • [EET0115] Напредна аналитика на големи податоци (Big Data)
    • [EET0114] Напредни теми од областа на применети информатички и комуникациски технологии во други области
    • [EDEC0101] Напредна економетрија
    • [EDBA0102] Претприемнички менаџмент - напредно ниво
    • [EDBA0101] Менаџмент на знаење, иновации и конкурентност
    • [C2014] Економија на однесување на животната средина
    • [E2708] Виртуелна, зголемена и проширена реалност во информациските системи
    • [E2709] Здравствена заштита и ИТ Advanced topics in Healthcare and IT
    • [E2710] Напредни теми од Моделирање на информации за згради (BIM)
    • [E2711] Напредни теми од Мобилност и дигитален транспорт
    • [E2712] Напредни теми од Дигитални права, заштита на податоци и управување со политики

Семестар 3/4

  • [DET0105] [20 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација - истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [DET0106-S3] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентација на извештај I
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интерес кади и да било во светот, на приложените пропишани обрасци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Извештајот треба да биде напишан од студентите и да се наведе со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

  • [DET0107] [10 ЕКТС] Истражување и организирање работилница за истражувачката практика
    Истражување и организирање на работилница за истражување е составен дел на студиската програма. Докторандите ќе ги продлабочат своите знаења, истражувачкото мислење и ќе ги подобрат размислувањето и комуникациските вештини. Присуството и учеството во работилницата, заедно со сродните дискусии со колеги истражувачи на теми опфатени во работилницата ќе им помогне на докторандите во процесот на изработка на дисертацијата.
  • [C2301] [15 ЕКТС] Публикации
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Издавачките активности и успесите кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум - од областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2021] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела надвор од државава. Целта на мобилноста на докторандите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.

Семестар 5

  • [DET0109] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [DET0106-S5] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентација на извештај II
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интереси каде и да било во светот, на приложените пропишани обрасци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да бидат истражувачки по природа. Извештајот треба да биде напишан од студентите и со свои зборови да биде наведено за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

Семестар 6

  • [C2300] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за одбрана.
Google+