Програма: |
Уставно и управно право (2022/2023) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Правен |
Код на програмата: | N-LAWCAL120C |
Академска година: | 2024 / 2025 |
Титула: | Магистер по правни науки / Насока: Уставно и управно право |
ЕКТС: | 120 (2 години) Aкредитација |
Решение: | Решение за почеток со работа |
Целта на студиската програма по Уставно и управно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на уставно-управните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со областа на уставното и управното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на уставниот и управниот систем на РСМ како и споредбени сознанија од регионов и од ЕУ за односната област.
Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на магистерските студии да ги применуваат стекнатите општи и посебни теоретски и практични професионални уставно-административни знаења и вештини во практиката; да понуди аналитички одговори како во поглед на примената на правните прописа, така и во поглед на измената во областа на правната регулатива; да ги согледуваат и истражуваат уставно-административните појави и проблеми и да даваат креативни предлози за нивното решавање; критички и аргументирано да ги анализираат и да ги евалуираат правните решенија и функционирањето на уставно-административните правни институции во практиката; да го продолжат понатамошното усовршување на докторските студии во областа на уставно-административните правни науки; да го следат развојот на законодавството и на правната наука и да се залагаат за примената на научните резултати на истражувањето во законодавната и правната практика.
Знаење и разбирање
- Покажува знаење и разбирање за уставното право и управното право, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени уставни и управни проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на уставното и административното истражување.
- Способност за употреба на проширено и продлабочено уставно-управно знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во уставно-управното право.
- Поседува знаење од една или од повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во уставно-управната област.
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и за креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со современите трендови на уставното и управното право.
Способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатите уставни и управни знаења.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во национален, регионален и европски како и во светски контекст.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[MCAL-0101]
[6 ЕКТС]
Применето уставно право
Цели на предметот: Стекнување сознанија за поимите, појавите и институтите на уставното право како и за државните институции во РСМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. Стекнувањето конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ја тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. План-програмата ќе ја третира уставната материја од споредбен и од национален аспект, од причина што во услови на глобализацијата, уставното право не може да се разбере, ако се разгледува исклучиво во национални рамки. План-програмата во себе ќе ги опфати: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони што уредуваат уставна материја, како што се: законите од областа на судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. Покрај оваа нормативна компонента, во план-програмата ќе биде обработена и практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога врз уставното право како наука. Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РСМ. На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност: да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање; да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и институтите на уставното право; да ги објаснат и да ги анализираат разните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РСМ во сите аспекти од уставниот живот на земјава, значи на човекот, граѓанинот, државата и на етничките заедници.
-
[MCAL-0102]
[6 ЕКТС]
Применето уставно право
Цели на предметот се студентите: Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. Да ги согледаат основните дејности на административната функција. Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. Да ги изучат видовите административен надзор. Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. Да можат да се вработат во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно правна природа.
-
[EMCA0030]
[6 ЕКТС]
Теорија и практика на федерализмот
Во рамките на овој предмет опфатени се сознанија за организацијата на сојузните држави, нивните органи, надлежностите, видовите сложени држави, некои најкарактеристични федерации во светот, како и за централните теоретски и практични прашања поврзани со сојузните држави, како што се: уставот на сојузната држава, составот-структурата на федерацијата, поделбата на надлежностите меѓу федерацијата и нејзините субјекти, учеството на субјектите на федерацијата во вршењето на сојузната власт, правото на самоорганизирање на субјектите на федерацијата, прашањето на суверенитетот (државноста) во сојузната држава, перспективите на федерализмот во светот, како и прашањето за положбата на федералните единки во меѓународните односи. Студентот стекнува сознанија за основните поими и законитости на федерализмот, со што ќе се оспособи за историско, споредбено и за критичко сфаќање на актуелните федерации и процеси.
-
[MCAL-0203]
[6 ЕКТС]
Парламентарно право
Целтa на овој предмет е студентите да стекнат теоретско-правни и практично-апликативни сознанија за парламентот како претставнички, законодавен и суверен државен орган во рамките на државната власт во одредена држава, вклучувајќи ги и неговата организацијата, структура и надлежности во РСМ, имајќи ги предвиди и компаративно-правните аспекти.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EM530] Конституционализем и човековите права
- [EMCAL-05] Службенички систем
- [EMCAL-04] Управни договори
- [EM531] Еколошко право
- [EM532] Право на посебните управни постапки
- [EM476] Правна клиника - Уставно и управно право
- [EM533] Судско право
- [EM534] Јавна и државна администрација
- [EM535] Вовед во американското право
Семестар 2
-
[MCAL-0201]
[6 ЕКТС]
Управно процесно право
Целите на предметот се состојат во тоа студентите: - Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. - Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. - Да ги согледаат основните дејности на административната функција. - Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. - Да ги изучат видовите административен надзор. - Да ги осознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. - Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установи и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
-
[CM165]
[6 ЕКТС]
Управен спор и управно судство
Цели на предметот: - Правилна употреба (читање и толкување) на законските норми со кои е уредено водењето (започнување, тек и завршување) на управно-судска постапка пред Управниот и пред Врховниот суд (за сите профили на правници). - Подготовка на тужби за поведување управно-судска постапка (за адвокати и за судии на Управен суд). - Преземање процесни дејствија во текот на управно-судската постапка (за адвокати државни службеници кои решаваат управни предмети, правници вработени во регулаторни тела и во самостојни државни органи, судии на Управен суд, како и за стручните служби во Управниот суд). - Пишување одлуки (решенија и пресуди) донесени во првостепена и во второстепена управна постапка (за судии во Управен суд). - Пишување жалби и тужби за обнова на судска постапка (за адвокати, државни службеници кои решаваат управни предмети).
-
[CPA129]
[6 ЕКТС]
Политичките партии и изборните системи
Предметот има за цел студентите да стекнат знаења за политичките партии и изборните модели како и нивното функционирање во реалниот политички живот во Република Северна Македонија и во ЕУ и во светот. Посебен осврт ќе има за изборниот систем на РСМ, состојбите и перспективите, односно изградувањето на потребниот изборен модел кој одговара на приликите на РСМ.
-
[CM166]
[6 ЕКТС]
Антикорупциско право
Цели на предметот: Студентите да стекнат знаења за дефиницијата на корупцијата, појавните облици и форми на корупцијата, неговите криминолошки карактеристики, но и казнено-правните аспекти на овој криминалитет во однос на својствата на сторителите и висината на противправно стекнатата имотна корист. Студентите стекнуваат знаење за меѓународните инструменти и конвенции за борба против корупција како и за превенцијата од овој вид криминалитет.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет
- [EM530] Конституционализем и човековите права
- [EMCAL-05] Службенички систем
- [EMCAL-04] Управни договори
- [EM531] Еколошко право
- [EM532] Право на посебните управни постапки
- [EM476] Правна клиника - Уставно и управно право
- [EM533] Судско право
- [EM534] Јавна и државна администрација
- [EM535] Вовед во американското право
Семестар 3
-
[MCCR1120]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат во можност: - Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. - Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. - Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. - Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. - Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[EMCA0020]
[6 ЕКТС]
Споредно уставно право
Во рамките на споредбеното уставно право се проучуваат споредбените аспекти на уставните системи на земјите на ЕУ и пошироко за обезбедување продлабочени сознанија за начелата и за функционирањето на клучните институции на државната власт од споредбен аспект.
-
[CM167]
[6 ЕКТС]
Споредбено управно право
Во рамките на предметот се проучуваат споредбените-правни аспекти на управните системи на земјите на ЕУ и пошироко за обезбедување продлабочени сознанија за начелата и за функционирањето на клучните институции на јавната администрација од споредбен-правен аспект.
-
[MCAL-0302]
[6 ЕКТС]
Уставно судство
Целите на предметот се состојат во стекнување на сознанијата за појавата, развојот и за облиците на уставно-судската контрола на уставноста и законитоста, за уставното судство, со посебен акцент на Уставниот суд на РСМ и неговата практика.
-
[EMCAL-01]
[6 ЕКТС]
Право на локална самоуправа
Во рамките на предметот се нудат нови информации и знаење за спроведување на управувањето во локалната самоуправа. Преку овој предмет студентите: - Ќе стекнат специфични знаења на организациски и функционални концепти на локалната власт. - Ќе стекнат знаења за функционирањето на локалната самоуправа и финансирањето, поделбата на власта и односите меѓу локалната самоуправа и централната власт. - Ќе стекнат знаења и вештини потребни за доброто управување со користење модели и пристапи од теоријата на модерното управување. - Ќе бидат во можност да ги разберат подобро проблемите поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, и тие ќе бидат во можност да ги решаваат овие проблеми и да ги применуваат ефикасно донесените одлуки. - Кај студентите ќе се развијат организациски и лидерски способности за работа во локалната администрација.
Семестар 4
-
[MCCR4010]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.