Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии (2020/2021)

Насока: Криминалистика и безбедност
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: CRIM-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран по криминалистика и безбедност
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Оваа програма подразбира проширување и продлабочување, т.е. диференцирање на образованието во рамките на правните студии.
Студиската програма Криминалистика и безбедност на студентите ќе им овозможи:
- Да стекнат основни познавања на концептите и на прашањата од областа на криминалистиката и безбедноста.
- Да развијат вештини за примена на соодветната терминологија и на соодветните концепти од областа на криминалистиката и безбедноста.
- Да идентификуваат и да анализираат проблеми поврзани со криминалистиката и со безбедноста.
- Да бидат во состојба критички да ги анализираат концептите и поимите.
- Да стекнат посебни вештини и познавања од практична важност за нивната понатамошна кариера во областа на криминалистиката и безбедноста.
- Да изберат и да применат соодветна рамка од соодветната областа за да ги решат проблемите применувајќи соодветни техники.
- Да го интегрираат знаењето акумулирано во организацијата во функција на донесување одлуки.
- Ефективно да ги пренесуваат решенијата и сознанијата.
- Да ги развиваат личните способности за комуникација, истражување, анализа, а кои се потребни за вработувања на дипломираните студенти по оваа програма.
- Да се развива повеќејазична настава преку промовирање на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

По завршување на студиите, студентите треба:
- Да имаат основно познавање за криминалистичката техника и тактика.
- Да имаат подетални знаења за предметот на изучување, како и за одделни концепти специфични за криминалистичката техника и за криминалистичката тактика.
- Да имаат свое критичко мислење.
- Да бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за настани релевантни за криминалистичката техника и тактика.
- Да стекнат одредени вештини од криминалистичката техника и тактика неопходни за нивната понатамошна кариера.
- Да имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата.
- Да бидат во состојба теоријата да ја применат во практични случаи во реалниот живот.
 

За изведување на програмата е вклучен академски кадар од УЈИЕ, УКИМ - Скопје како и од универзитетите во регионов: Загреб, Приштина, Сараево и Тирана. За реализација на студиската програма е планирано и ангажирање на визитинг-предавачи од универзитетите со кои соработува УЈИЕ, во контекст на мобилноста во Заедничкиот европски простор на високото образование (ZEPVO), а базирано врз принципите на Болоњската декларација.
Студиите на студиската програма од првиот циклус по Криминалистика и безбедност траат четири години. По успешното завршување на студиите, студентот ќе добие звање: Дипломиран по криминалистика и безбедност со отворени можности за продолжување на магистерските студии во областа на безбедноста, како и за вработување во органите и институциите на безбедносниот систем на Република Северна Македонија.

Знаење и разбирање

- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на правото во поширока смисла, особено за вовед во право, уставно право, управно право, историскиот контекст на правото (римско право и историја на правото), граѓанско и стварно право.
- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на специфични казнено-правни науки, како на пример: казнено право и казнено процесно право, криминологија, пенологија, виктимологија, како и меѓународниот контекст на казненото право (меѓународно казнено право, човекови права, меѓународни односи, меѓународен тероризам).
- Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со безбедноста, како на пример: криминалистика (техника, тактика и методика), полициско право како и знаења од форензичните науки.

Примена на знаењето и разбирањето

- Идентификува и анализира проблеми поврзани со криминалистиката и безбедноста и е подготвен да партиципира во подготвувањето правни акти и документи во одредена казнена постапка, да пишува барања и други документи кои се употребуваат во една казнена постапка.
- Избира и спроведува соодветна рамка од своето поле на истражување за решавање проблеми преку спроведување соодветна техника во полето на криминалистиката и безбедноста.

Способност за проценка

- Критички ги анализира концептите и термините во разни фази на казнената постапка (преткривична и судска постапка).
- Го интегрира акумулираното знаење во донесување одлуки за толкување на правото во врска со безбедносни прашања.
- Анализира и дава отчет за сознанија од својата професија засновани на познавањето и толкувањето на правото.
- Работи како службеник во државните институции кои делуваат во областа на спречување на криминалитетот.

Комуникациски вештини

- Има широк спектар на вештини на презентација, усно и писмено изразување, кои се неопходни за професијата правник, особено во областа на криминалистиката и безбедноста.
- Ефективно се вклучува во аргументација и дебата во една казнена постапка со субјектите на казнената постапка како: судии, јавни обвинители и адвокати, употребувајќи притоа професионална терминологија.

Вештини на учење

- Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класификација и употреба на извори на правото.
- Успешно ги применува вештините поврзани со употреба на соодветната литература и на информатичките технологии за да стекне правни знаења.
- Успешно пренесува начини на решавање проблеми во однос на специјализирана и неспецијализирана публика.

Семестар 1

  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел: - Да се запознаат студентите со историскиот развиток на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Студентите да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Студентите да се запознаат со историскиот развиток на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Студентите да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CLE-203] [6 ЕКТС] Правно пишување и образложување
    Цели на предметот: Цел на предметот е да се обезбедат основни познавања за правното пишување и оправдување на студентите од прва година за Правни студии и тие по Kриминалистика и безбедност. Преку овој предмет ќе стекнат сознанија за правното пишување и оправдување, принципи и основни упатства за тоа, со примена на различни методи на легално пишување на нормативните правни акти (прописи, закони, одлуки, пресуди, договори, тестаменти итн.) и акти (CV, барања, огласи, апликација, известување, тужба, итн.). За студентите по правни студии, овој предмет е повеќе од неопходно да ги искористат предностите на соодветните вештини за легално пишување и соодветното резонирање на она што го пишуваат легално, бидејќи владеењето на правното пишување е од суштинско значење за секој правник во неговата претстојна професионална работа.
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Aнглиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметната програма: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во РМ, вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Поттикнување на критичкото мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата ги опфаќа и: новиот Деловник на Собранието на РМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РМ, новите закони со кои се уредува уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, се обработува и практиката на централните органи на државната власт во РМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право.
  • [CLE-204] [6 ЕКТС] Граѓанско право - Општ дел
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право – Oпшт дел е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато теоретски познавања за главните поими и институти на граѓанското право, како што се: принципите на граѓанското право, изворите на граѓанското право, граѓанско-правните субјекти и нивната правна, деловна способност, граѓанско-правните односи, правните дела итн. Студентите ќе бидат обучени да ги направат неопходните теоретски и практични разлики во поимите и појавите со граѓанско-правен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја забележат нивната важност и функција во практика.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметот: -Да им бидат претставени на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. -Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. -Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. -Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. -Да се објасни историската важност на перципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
  • [6 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Aнглиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административното материјално и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметната програма се состојат во тоа студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнуваат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на наставниот предмет Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени во Лисабонскиот договор; да умее да врши правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [6 ЕКТС] Англиски јазик за специфични цели 1
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми

Семестар 4

  • [CLE-405] [6 ЕКТС] Кривично право - општ дел
    Предметот Казнено право (општ дел) е задолжителен. Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни знаења за казнено-правниот систем на РМ. Посебно внимание ќе му се посвети на проучувањето на главните начела на казненото право, изворите на казненото право, казненото дело и неговите елементи, спојот на казнените дела, учеството на повеќемина лица во извршувањето на казненото дело, системот на казнено-правните санкции и др.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Цел на предметната програма e студентите да се запознаат со основните поими на меѓународното јавно право, со формирањето на оваа научна дисциплина, нејзиниот развој и клучните аспекти.
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметната програма: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Во областа на отштетното право, студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ, работоводство без налог и еднострани изјави на волја).
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-709] Право на изршување кривични санкции
  • [6 ЕКТС] Aнглиски јазик за специфични цели 2
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-504] [6 ЕКТС] Кривично право - посебен дел
    Посебниот дел на казненото право е систем на законски одредби за кривичните дела и санкциите за тие дела. Предмет на посебниот дел е одредување на тоа кои поведенија на човекот ќе бидат класифицирани како кривични дела и какви ќе бидат обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивното вршење спротивно на поставените забрани.
  • [CCR-302] [6 ЕКТС] Основи на криминалистика
    Преку овој предмет студентите стекнуваат знаења и ги продлабочуваат знаењата од криминалистиката. Оваа дисциплина во поширока смисла на зборот придонесува за борбата против криминалитетот преку откривање и превенција. Предметната програма по криминалистика ќе се разработува од теоретски и од практичен аспект (преку консултации, препорака на литература, дебати и дискусии со студенти). Целта на овој предмет е да се подготват и да се оспособат студентите за употреба и примена на современите криминалистички средства и методи кои се применуваат за откривање и објаснување на кривичните дела и за превенција на криминалитетот.
  • [CCR-303] [6 ЕКТС] Криминологија
    Цели на предметната програма: - Стекнување знаење околу предметот на проучување на криминологија, главните криминолошки институции, значењето и влијанието на разни фактори врз извршувањето кривични дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на казненото дело, развитокот на идејата за казна како одговор кон кривичното дело, видовите казни според законодавството на РМ и нивното извршување, како и пенитенцијарните установи во РСМ. - Идентификување и анализирање криминолошки проблеми. - Критичко анализирање концепти и термини карактеристични за криминолошките истражувања. - Успешна примена на изучената терминологија од областа на криминологијата во разни дебати и аргументации во ова поле. - Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на криминологија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • Право на изршување кривични санкции
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби

Семестар 6

  • [CCR-4022] [6 ЕКТС] Kриминалистичка техника
    Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со една од гранките на науката Kриминалистика - Kриминалистичка техника. Оваа научна дисциплина ги проучува совршенството на техничкo-научните методи за регистрација и идентификација на лицата и предметите и материјалното наоѓање и обезбедување на трагите од кривичното дело, со цел нивно расветлување. Таа е поделена на четири гранки: трасеологија, балистика, форензичка фотографија и техники на снимање. Во текот на овој предмет, студентите ќе стекнат знаења за сите овие форензичко-технички гранки и за нивната функцијата што ја имаат во практиката.
  • [CCR-403] [6 ЕКТС] Виктимологија
    Целта на предметот е студентите да стекнат основни знаења од областа на виктомологијата. Проблематиката на жртвата, процесот на виктимизација, зголемувањето на бројот на луѓето кои се подлежни на виктимизација, надоместот на штета и превенцијата на виктимитетот се основните знаења кои ќе ги стекнат студентите. Виктимизацијата и заштитата на жртвите се голема преокупација на современото општество. Ова е затоа што во целиот свет е зголемен бројот на жртвите. Политичките конфликти, различноста и културните недоразбирања, војните и вооружените конфликти, сиромаштијата, невработеноста ја поттикнуваат миграцијата на населението. Сето ова предизвикало многу проблеми во семејните односи. Овие состојби се погоден терен за појавата на трговијата со луѓе, терористичките акти, семејното насилство, воените злосторства и за други патолошки феномени. Сите овие околности влијаеле врз зголемувањето на страдањата и виктимизацијата на луѓето во разни делови на светот.
  • [CCR-603] [6 ЕКТС] Малолетничка деликвенција
    Криминалитетот како негативна и опасна појава за општеството се манифестира во разни форми преку целата човечка историска развиеност. Малолетниците во казненото право секогаш биле третирани поразлично од возрасните лица, а нивната законска позиција секогаш има еволуирано во нивна корист. Малолетниците деликвенти се во тесна врска и со другите социопатолошки појави како: наркоманија, алкохолизам и проституција, појави кои денес се шират речиси во секоја земја на светот и се присутни во Македонија. Затоа, основната цел за третирање за оваа програма е: да се откријат и да се евидентираат новите форми на оваа криминална појава, да се објаснат причините на нивното присуство и да се предложат мерки за превенција и нивно казнување. Студентите преку овој предмет ќе стекнат знаење за малолетничката деликвенција и нејзините форми на манифестирање, а ќе се обработи и Законот за правата на малолетниците од Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-709] Право на изршување кривични санкции
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби

Семестар 7

  • [CCR-4023] [6 ЕКТС] Kриминалистичка тактика
    • Криминалистичката тактика е гранка на криминaлистичката наука која ги проучува облиците на криминалитетот, начините на извршување, мотивите, намерите и психолошките карактеристики на сторителот. Проучувањето на предметот на оваа научна дисциплина е направено за да се развијат методи за откривање и борба против криминалитетот преку оперативно-криминалистичките акции и мерки. На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги анализираат различните тактички криминалистички дејствија, како: Општите оперативно-тактички мерки и активности со превентивен карактер и оние со репресивен карактер.
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Кривично процесно право
    Целта на предметот Кривично процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [CCR-602] [6 ЕКТС] Пенологија
    Цели на предметната програма се: - Стекнување знаење околу предметот на проучување пенологија, главните пенолошки институции, значењето и влијанието на разни фактори врз извршувањето кривични дела, криминолошките испитувања поврзани со сторителот и жртвата на казненото дело, развитокот на идејата за казна како одговор кон кривичното дело, видовите казни според законодавството на РСМ и нивното извршување, како и пенитенцијарните установи во РСМ. - Идентификување и анализирање криминолошки и пенолошки проблеми. - Критичко анализирање концепти и термини карактеристични за пенолошките истражувања. - Успешна примена на изучената терминологија од областа на пенологијата во разни дебати и аргументации во ова поле. - Развивање систем на учење преку идентификација и употреба на главните извори на пенологијата.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-709] Право на изршување кривични санкции
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби

Семестар 8

  • [CCR-502] [6 ЕКТС] Криминалистичка методика
    Криминалистичката методика е посебен дел на криминалистичката тактика која ги проучува и ги утврдува начините и методите за откривање на посебните видови или групи кривични дела и на нивните сторители. Оваа дисциплина ги проучува и разликите кои се манифестираат при преземање на истражните дејствија на разните кривични дела. Во рамките на овој предмет студентите посебно ќе учат за методиката на истражување и на откривање некои кривични дела, како на пример методика на истражување и откривање убиства, разни контрабанди, терористички акти, корупција, сообраќајни несреќи, воени злосторства итн.
  • [ELE-604] [6 ЕКТС] Организиран криминал
    Организираниот криминал, како нов научен предмет има за цел проучување на формите, причините и мерките за спречување на борбата против организираниот криминал. Целта на оваа програма е студентите да стекнат знаења за теориите за организираниот криминал, криминалните организации и облиците на манифестација на овој феномен. Покрај проучувањето на факторите кои овозможуваат појавување на организираниот криминал, истражувачите на оваа тема треба да ги изучуваат и мерките за борба и за спречување на организираниот криминал.
  • [ECR-401] [6 ЕКТС] Полициско право
    Целите на предметната програма: - Студентите ќе стекнат основни познавања за полициското право, изворите на полициското право, правната рамка, надлежностите на полицијата и внатрешната организација на полицијата во РМ. - Ќе стекнат подетални знаења за полициското право во Република Северна Македонија како и компаративни сознанија за полициското право во други држави. - Ќе имаат свое критичко мислење. - Ќе бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за одделни концепти и настани релевантни за полициското право. - Ќе имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата. - Ќе бидат во состојба теоријата да ја применат врз практични случаи во реалниот живот.
  • [CLE-501] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на меѓународното казнено право. По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни познавања во однос на поимот и предметот на МКП, нормите во МКП, репресивната власт и јурисдикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јурисдикцијата на меѓународните казнени инстанци. По завршувањето на предметот од студентите се очекува да бидат во можност аргументирано да ги дискутираат изучените поими; да се оспособени за нивно суштинско истражување; да ја проценуваат меродавноста и исправноста на релевантните меѓународни судски одлуки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [ELE-614] Борба против корупција
    • [ELE089] Медицинско казнено право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ECR-503] Судска психологија
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2506] Сообраќајна криминалистика
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [E2508] Откривање на компјутерски криминал
    • [E2509] Превенција на криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [E2511] Малолетничко споредбено казнено право
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-709] Право на изршување кривични санкции
Google+