Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии - Правна информатика (2024/2025)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LI-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран правник - Правна информатика
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма по Правна информатика има за цел:

  • Да ги оствари потребите на сите оние кои мислат да ја продолжат својата кариера во полето на правните науки преку примена на информациските технологии.
  • Да понуди низа предметни програми кои ќе ја опфаќаат основата на правните сознанија за приближување кон професиите кои се поврзани со сферата на правото од областа на информациските технологии.
  • Да обезбеди цврсти сознанија и систематски знаења за електронските услуги и дигитализацијата во областа на банкарското право, трговското право, договорното право, осигурителното право, катастарското право и административното право.
  • Да обезбеди основни сознанија за концепциите и основните принципи на позитивното право на Република Северна Македонија и за начинот на неговото функционирање во европски и во меѓународен контекст.
  • Да понуди можност за предавања од меѓународниот академски визитинг-кадар.
  • Студентите да бидат во можност  да развијат свесна критика на правото во споредбен, историски,  општествено-економски и политички контекст и да осознаат редица различни теоретски и практични концепти поврзани со правните студии од областа на информациските технологии.
  • Да им овозможи на студентите да престојуваат и да студираат надвор од земјава во рамките на програмите за размена на студенти.
  • Да им понуди низа опции кои ќе им овозможат на студентите да проучуваат специфични области на Правото на ИТ.
  • Да им овозможи на студентите да бидат дел од истражувачка дејност во рамките на нивните студии.
  • Да понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување на дипломирани правници во институциите со кои веќе претходно имаат воспоставено контакти преку Центарот за кариера при УЈИЕ.
  • Да се потенцира повеќејазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог и меѓусебната соработка.
  • Според стекнатите знаења и вештини од оваа додипломска програма на Правниот факултет, дипломираните студенти ќе бидат во можност да ги идентификуваат правните прашања и процеси во областа на информациските технологии кои треба да се истражуваат, како и да ги употребуваат на ефикасен начин примарните и секундарните извори на правото, да ја истражуваат правната наука и практика во врска со заштитата на личните податоци во домашен и европски контекст, да ги вреднуваат на критички начин правните прашања и процеси.

Студентите кои ќе дипломираат на оваа студиска програма се очекува да имаат релативно брза можност за вработување не само на домашно туку и на европско и на меѓународно ниво, поради компетенциите што ги добиваат преку оваа студиска програма. Позавршувањето на студиите студентите ќе бидат обучени за вработување во институции и организации за вршење високо специјализирани работи во правната професија во приватниот ивојавниот сектор, како:

- Меѓународни и европски организациии институции;

- Судови;

- Јавни обвинителства;

- Нотаријат;

- Извршители;

- Адвокатски канцеларии;

- Банки;

- Осигурителни компании;

- Трговски друштва;

- Катастар;

- Државна и јавна администрација;

- Министерства, дирекции, институтии агенции;

- Медиуми;

- Невладини организации;

- Научно-истражувачки, образовни и професионални институции.

Знаење и разбирање

Студентите ќе ги продлабочат знаењата од областа на информациските технологии и нивната примена во правото, преку унапредување на знаењата за напредните концепти по правната информатика.

Студентите ќе бидат во можност и да стекнат споредбени знаења за информациските технологии на земјите во регионов како и во Европската унија и за практиката на Европскиот суд за човекови права во врска со заштитата на личните податоци во областа на интернетот.

Студентите ќе можат да поврзуваат, пренесуваат и да развиваат знаења од областа на информатичката технологија,  администрацијата, правото и информатиката.

Примена на знаењето и разбирањето

Студентите ќе имаат можност да развиваат информациски системи и софтвери во областа на правото како и да ги применат стекнатите знаења во рамките на разните правни анализи на информациските технологии како и солидна основа за споредување на правната регулатива од домашното, европското и од меѓународното право од областа на информациските технологии, во насока на подобрување и приближување на домашното законодавство кон европското законодавство.

Способност за проценка

Студентите ќе ги идентификуваат, толкуваат, анализираат и ќе ги решаваат правните проблеми од областа на информациските технологии.

Студентите ќе го толкуваат и ќе го синтетизираат значењето на правните норми како дел од правниот систем и ќе го применуваат во бројни ситуации кои може да се појавуваат во информациските технологии.

Студентите критички ќе ги анализираат и ќе ги толкуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права во областа на информациската технологија и заштитата на личните податоци.

Студентите ќе ги анализираат, планираат, развиваат и ќе ги ажурираат информатичките системи како и компјутеризацијата на разните правни, трговски, банкарски и деловни процеси.

Комуникациски вештини

Студентите ќе комуницираат ефективно, усно и писмено со јавни и приватни субјекти.

Студентите ќе пишуваат и ќе редактираат на основно ниво документи со правен и електронски карактер.

Студентите ќе ја распознаваат специфичната правна терминологија за оваа предметна област за опишување и објаснување на поимите и институтите на оваа студиска програма.

Студентите ќе преземат иницијатива и одговорност за индивидуални и групни активности преку кои се спроведува ефективно учество во правничката професија.

Вештини на учење

Студентите ќе преземаат иницијатива и одговорност за да ги идентификуваат и спроведуваат потребите на учење во најважните гранки на правото поврзани со информациската технологија;

Студентите ќе развиваат систем на учење кој вклучува идентификување, класифицирање, синтетизирање и користење различни професионални извори.

Студентите ќе стекнат вештини за користење на библиотеката за продлабочување на  правните знаења.

Студентите ќе ги користат и напредните компјутерските вештини за да стекнат правни знаења.

Семестар 1

  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Студентите стекнуваат основни сознанија за државата и за правото. - Студентите ќе се оспособат за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и на правото. - Студентите ќе можат ги објаснуваат основните поими за државата и правото и ќе ги поврзуваат со практичниот живот. - Студентите ќе стекнат основни, воведни и општи спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за понатамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Примарната цел на овој предмет е да се развие основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Овој предмет е дизајниран на начин да им овозможи на студентите да се здобијат со знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и на макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат за да: го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; го дефинираат БДП и да го опишат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаваат со последиците и како да се прилагодат за тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел студентите: - Да се запознаат со историскиот развој на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Да се запознаат со историскиот развој на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметот: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во Република Северна Македонија (РСМ), вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. - Поттикнување критичко мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата ги опфаќа и: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони со кои се уредува уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата се обработува и практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право.
  • [CLE-204] [6 ЕКТС] Граѓанско право – општ дел
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право - општ дел е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато теоретски познавања за главните поими и институти на граѓанското право, како што се: принципите на граѓанското право, изворите на граѓанското право, граѓанско-правните субјекти и нивната правна, деловна способност, граѓанско-правните односи, правните дела итн. Студентите ќе бидат обучени да ги направат неопходните теоретски и практични разлики во поимите и појавите со граѓанско-правен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја забележат нивната важност и функција во практика.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметот: - Да им бидат претставени на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. - Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. - Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. - Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. - Да се објасни историската важност на перципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административно материјалното и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметот се студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на предметот Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Цел на предметот e студентите да се запознаат со основните поими на меѓународното јавно право, со формирањето на оваа научна дисциплина, нејзиниот развој и клучните аспекти.
  • [CLE024] [6 ЕКТС] Семејно право
    Со изучување на предметот Семејно право се очекува студентите да стекнат знаење за правното уредување на односите кои настануваат меѓу членовите на семејството врз основа на бракот и сродството. Посебен акцент се посветува на основните институции на семејното право: бракот, родителството, посвојувањето, старателството, семејните односи, како тие со личен карактер така и оние со имотен карактер, семејните односи со лично-имотен карактер, вонбрачната заедница.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при креирање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се мотивираат за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [CLE5010] [6 ЕКТС] Наследно право
    Основната цел на предметот Наследно право е студентите да се запознаат со основните принципи на наследувањето во Република Северна Македонија, како и да стекнат знаења за основните наследно-правни институти со кои се уредува наследувањето во Република Северна Македонија. Преку овој предмет, во делот на компаративното право, студентите ќе се информираат за наследно-правните институти во современите наследно-правни системи, особено основните разлики меѓу континенталниот систем и системот Common Law (англосаксонски систем).
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени во Лисабонскиот договор; да умеат да вршат правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [CLE-405] [6 ЕКТС] Кривично право - општ дел
    Предметот Кривично право (општ дел) е задолжителен. Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни знаења за казнено-правниот систем на РСМ. Посебно внимание ќе му се посветува на проучувањето на главните начела на казненото право, изворите на казненото право, казненото дело и неговите елементи, спојувањето на казнените дела, учеството на повеќемина лица во извршувањето на казненото дело, системот на казнено-правните санкции и др.
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметот: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ и еднострани изјави на волја).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-302] [6 ЕКТС] Трговско право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [C2458] [6 ЕКТС] Кривично право - посебен дел
    Посебниот дел на кривичното право е систем на законски одредби за кривичните дела и санкциите за тие дела. Предмет на посебниот дел е одредување на тоа кои поведенија на човекот ќе бидат констатирани како кривични дела и какви ќе бидат обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивното вршење спротивно на поставените забрани.
  • [CLE4030] [6 ЕКТС] Трудово и право на социјално осигурување
    Изучувањето на предметот Трудово и право на социјално осигурување на студентите ќе им овозможи: - Да се запознаат со прашања и проблеми кои се составен дел на трудовото право, тргнувајќи од фундаменталната премиса дека секој од нас еден ден ќе заснова работен однос и токму поради тоа познавањата на правата за работниот однос претставуваат и прашања на борба за поквалитетен живот. - Да се запознаат со различните аспекти на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работниот однос како и со правните институции од областа на трудот. - Да ги проучуваат работните односи во практиката преку постапката на вработување, склучување на договор за вработување, остварување и заштита на правата за работен однос кај работодавецот и надлежните органи, постапката за одговорност на вработените, престанување на работниот однос, односно престанување на важноста на договорот за вработување. - Да изработат конкретни акти во врска со сите институти кои се опфатени со позитивната законска регулатива од областа на работните односи во Република Северна Македонија. - Да се овозможат разни форми и облици на партиципација на студентите и да се инкорпорира можност за освојување на што е можно поголем број од поените предвидени за активност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-605 ] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [ECR-601] Економски криминалитет

Семестар 6

  • [CLE-802] [6 ЕКТС] Финансиско право
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да стекнат основни знаења од областа на финансиското право, односно од финансиско-правните односи (од содржински и од формално правен аспект).
  • [CLE5020] [6 ЕКТС] Управно процесно право
    Цели на предметот: Административното процесно право вклучува две посебни области (делови): управната постапка и управниот спор, што го претставуваат основниот предмет на проучување на формалниот (процедуралниот) дел на управното право. Разработката на предметот им овозможува на студентите стекнување знаења преку кои полесно се разбираат, се објаснуваат и се анализираат прашањата поврзани со поимите и институтите на административното процесно право. Во првиот дел се објаснува процедурата (дејствувањето) на органите на јавната и државната администрација во применувањето на материјалните правни норми, кога при директна примена на правните одредби во конкретни случаи одлучуваат за правата, обврските или правните интереси на поединци, правни лица или од другите странки. Во вториот дел се објаснува судската контрола на законитоста на конечните административни акти - контролата на вршењето на административната активност и јавните услуги.
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Казнено процесно право
    Целта на предметот Казнено процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-605 ] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [ECR-601] Економски криминалитет

Семестар 7

  • [EITL-02] [6 ЕКТС] Право на информатичка технологија
    Главната цел е студентите да се запознаат со можностите за апликација на информатичките и комуникациските технологии во правната професија. Студентите ќе бидат запознаени со општите концептуални основи на правната информатика. Посебен акцент се дава на стекнување вештини, односно практични знаења во наоѓање и користење на правни информации со помош на нови технологии, бази на податоци и пребарувачи. Студентите, исто така, ќе бидат запознаени и со основните прашања на е-управа, е-трговија, е-јавни набавки, е-правда и е-демократија.
  • [C2455] [6 ЕКТС] Вештачката интелигенција и правото
    Вештачката интелигенција се карактеризира со траекторија на раст со примена во речиси секој аспект од животот. Целта на овој предмет е да испита широк опсег на технологии, но уште поважно, дебата за правните и политичките предизвици што ги поставува вештачката интелигенција (АИ), машинското учење и другите технологии кои се појавуваат. Во рамките на предметот ќе се анализираат и развиваат правните и етичките политички рамки кои имаат за цел да осигурат дека вештачката интелигенција е развиена на етички, сигурен начин и дека ќе им помогне на граѓаните и другите засегнати страни да имаат корист од тоа.
  • [CLI-602] [6 ЕКТС] Процесирање на податоци
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со концептот на податоци, дефинирање на податоци, видови податоци, препознавање на податоци, извори на податоци, собирање итн. Преку предметот студентите ќе се запознаат со формите и методите на собирање, идентификација на важни податоци, откривање на податоци што недостасуваат, со елементарна обработка на податоци (како чистење и некои статистички операции) и приспособување на податоците за понатамошна употреба. Студентите кои успешно ќе го завршат предметот ќе може да препознаваат, манипулираат и успешно да користат податоци во областа на правото и од областа на правото.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [CLI-702] Електронско трговско и банкарско право
    • [CLI-502] Семејно право и електронска биомедицина
    • [E2850] Кибернетска безбедност
    • [CLI-603] Електронско катастарско право
    • [CLI-803] Компјутерско кривично право
    • [CLI-501] Информатика
    • [CLI-801] Административна постапка за регистрација на интернет домени и правна заштита
    • [CLI-802] Електронски договори, електронско осигурување и електронски потпис
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-605 ] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [ECR-601] Економски криминалитет

Семестар 8

  • [CLI-703] [6 ЕКТС] Европско право за заштита на податоците
    Студентите ќе стекнат продлабочени знаења за стандардите за заштита на податоците на ЕУ кои се засноваат на Конвенцијата 108 на Советот на Европа, инструментите на ЕУ, вклучувајќи ја и општата регулатива за заштита на податоците и Директивата за заштита на податоци за полицијата и органите за кривична правда, како и соодветната судска практика на Европскиот суд за човекови права и на Судот на правдата на Европската унија. Брзиот развој на информатичката технологија ја наметна потребата за стабилна заштита на личните податоци, а правото на заштита на личните податоци се врши главно преку инструментите на Европската унија (ЕУ) и Советот на Европа (СоЕ). Заштитата на ова важно право не соочува со нови и значајни предизвици, бидејќи технолошките достигнувања ги прошируваат границите на области како што се надгледување, следење на комуникациите и складирање на податоци. Предметот е значаен за студентите бидејќи нашите општества стануваат се повеќе дигитализирани. Темпото на технолошкиот развој и како се обработуваат личните податоци влијае на секој од нас, секојдневно и на најразлични начини, поврзани и наметнати од новите технолошки достигнувања. Правните рамки на Европската унија (ЕУ) и Советот на Европа кои ги заштитуваат приватноста и личните податоци неодамна беа разгледани. Европа е во првите редови на заштита на податоците на светско ниво.
  • [CBI-403] [6 ЕКТС] Основи на информациски системи
    Цели на предметот: 1. Да ги научат основните концепти и терминологијата на информацски системи: a. Основни информациски системи и концепти: Хардвер, софтвер, мрежи; b. Е-World: е-бизнис и е-трговија; c. Развојни процеси. 2. Да научат повеќе за информациските системи и технологии кои ги подобруваат бизнис вредностите и разните бизнис-процеси во организациите. 3. Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, проценка и одлука. 4. Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациски системи. 5. Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. 6. Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етичките и социјалните прашања. 7. Да се запознаат со интернетот, електронската трговија и е-бизнисот. 8. Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научно – истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [C2456] [6 ЕКТС] Дигитална форензика
    Дигиталната форензика е процес на откривање на хакерски напади и соодветно извлекување докази за пријавување на криминалот и спроведување на ревизии за да се спречат идните напади. Се користи во различни видови истраги како кривична и граѓанска истрага, корпоративни судски спорови, компјутерски криминал итн. Игра витална улога во истрагата и гонењето на сајбер криминалците. Предметот се однесува на збир на методолошки процедури и техники за идентификување, собирање, зачувување, извлекување, толкување, документирање и презентирање докази од компјутерската опрема, така што откриените докази може да се користат за време на правна и/или управна постапка пред суд. Доказите може да се бараат во широк опсег на компјутерски криминал или злоупотреба, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на кражба на деловни тајни, кражба или уништување на интелектуална сопственост и измама. Во рамките на овој предмет студентите ќе стекнат потребни вештини за да се идентификуваат трагите на натрапникот и правилно да се соберат потребните докази за кривично гонење пред соодветен суд. Овој предмет ќе даде сеопфатен преглед на клучните компоненти на дигиталната форензика. Преку овој предмет се обезбедува солидно фундаментално знаење потребно за кариера во дигиталната форензика.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [CLI-702] Електронско трговско и банкарско право
    • [CLI-502] Семејно право и електронска биомедицина
    • [E2850] Кибернетска безбедност
    • [CLI-603] Електронско катастарско право
    • [CLI-803] Компјутерско кривично право
    • [CLI-501] Информатика
    • [CLI-801] Административна постапка за регистрација на интернет домени и правна заштита
    • [CLI-802] Електронски договори, електронско осигурување и електронски потпис
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ELE-605 ] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [ECR-601] Економски криминалитет
Google+