Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк 2023-24

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк 2023-24

Од 27.09-02.10.2023 студентите во прва година – бруцошите и оние студенти што не запишале летен семестар може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк.

За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се редовни студенти на додипломски студии на државните или приватните универзитети, да не се во редовен работен однос,
  • да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

Кандидатите треба да се пријават на интернет-страницата е-услуги на МОН(https://e-uslugi.mon.gov.mk/#/) , и да ја пополнат апликацијата во повикот. Притоа, студентите треба да имаат предвид дека е објавен посебен повик за секој од универзитетите.

При пријавувањето, студентите треба да пополнат, потпишат и прикачат два документа:

  • Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и

  • Изјава за точност на внесените податоци кои може да се најдат и симнат од овде.( https://mon.gov.mk/content/?id=6256 )

Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“. За помош при аплицирањето студентите може да го погледнат видеото достапно на овој линк.(https://www.facebook.com/watch/?v=416240029729436)

Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат, по што студентите ќе добијат СМС порака од Шпаркасе банка за да ги ажурираат податоците и да можат да ги подигнат картичките со кои ќе може да купуваат оброци.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари дневно, што студентот ја добива од МОН за купување приготвена храна. Со наменските картички ќе може да се купуваат оброци од сите трговци кои продаваат приготвена или готова храна, односно пекари, сендвичарници, ресторани и маркети.

Корисниците ќе имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота, но не за време на државни празници и неработни денови. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во еден ден не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот не му се префрла во наредниот ден.

Правото на субвенциониран оброк студентите го остваруваат од 2 октомври до 30 јуни.

Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне, нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин.

Дополнително, секој 1-ви до 7-ми во месецот за секој месец од академската 2023/2024 година ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк претходно или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за бруцошите истекнува на 2 октомври.

Google+