Комитетот за кадровски работи на Одборот на УЈИЕ во согласност со формалната процедура ја прифати препораката на Сенатот на Универзитетот вонредниот професор д-р Владимир Радевски да биде избран во наставно-научно звање редовен професор во областа Компјутерски науки.
По изборот во редовен професор, на проф. д-р Радевски му честитаа претседателот на Одборот на УЈИЕ и ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика. Двајцата му посакаа успех во академската и во научната работа.
„Со секое унапредување на нашите професори во наставно-научно звање ние стануваме поквалитетни и поконкурентни, а со тоа ние сме и попочитувани во академската и универзитетската сфера во земјава, регионов и на меѓународно ниво“, забележа ректорот Дика.
Вонредниот професор д-р Владимир Радевски избран за редовен професор
19 февруари 2016Универзитетот на Југоисточна Европа избра уште еден професор во наставно-научно звање редовен професор.
Повеќе вести
- Холандската амбасадорка во Северна Македонија, Озлем Џанел, одржа предавање на УЈИЕ на тема „Каков вид иднина сакате?“
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ