„Деловната заедница да се запознае со она што се предава на Универзитетот на Југоисточна Европа, а Универзитетот да дознае кои се потребите на пазарот на трудот.“, рече ректорот проф. д-р Замир Дика, кој имаше пригодна реч на отворањето на конференцијата.
На конференцијата беа презентирани и истражувачки трудови од меѓународни професори и од професори од земјава. Целта е да се поврзе стопанството со тие што се директно вклучени во практиката од академскиот дел, професорите и студентите за да можат да имаат подобри релации и соработка во иднина.
Сите трудови од конференцијата ќе се објавуваат, се со цел од неа да произлезе добар придонес за општеството.
Универзитетот на Југоисточна Европа домаќин на меѓународната конференција за поврзување на бизнисот со академијата
21 февруари 2017„Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“, беше темата на меѓународната научна конференција,која се одржа на 17-18 февруари во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, организирана од Факултетот за бизнис и економија.
Повеќе вести
- Холандската амбасадорка во Северна Македонија, Озлем Џанел, одржа предавање на УЈИЕ на тема „Каков вид иднина сакате?“
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ