Во прелиминарното мислење на Венецијанската комисија при Советот на Европа објавено на 11 август се препорачува Унгарија да не ги применува новите рестрикции за странските универзитети кои веќе функционираат во државата, вклучително и Централноевропскиот Универзитет. Еден од трите автори на ова мислење е проф.д-р Денис Фарингтон, претседател на Одборот на Универзитетот. Крајното мислење ќе се усвои на пленарната седница на Комисијата во октомври. Прелиминарното мислење во целост е наведено на веб-страницата на Комисијата.
Повеќе вести
- Холандската амбасадорка во Северна Македонија, Озлем Џанел, одржа предавање на УЈИЕ на тема „Каков вид иднина сакате?“
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ