Во текот на оваа недела, студентите беа запознаени со инфраструктурата на универзитетот и се здобија со документите за идентификација (ИД картите), го подготвуваа распоредот и се запознаваа со советниците за студентски прашања и администрацијата на Универзитетот. На 22 септември започнаа првите предавања за 1500 нови студенти, но во исто време се покажа голем интерес и за последипломските студии.
Треба да се спомене дека во однос на додипломските студии, голем интерес имаше за студиите кои се реализираат во соработка со познати европски универзитети.
Проректорот за академски прашања, проф. д-р Замир Дика, вели дека на пет факултети и официјално имаше прием на студенти и се промовираше првиот академски час.
,,Оваа година имавме 1500 апликации во првиот циклус (додипломски студии) и истите се распоредени во сите студиски програми. Се формираа групи на албански и на македонски јазик, но оваа година исто така имавме и голема заинтересираност за новите студиски програми на англиски јазик, особено на оние програми кои се реализираат во соработка со европските универзитети. Студентите ги имаат сите предуслови за успешна академска година на Универзитетот”, истакна проректорот, Замир Дика.
На првиот ден од започнувањето на наставата студентите од првата година беа примени од страна на деканите на соодветните факултети, кои ги поздравија студентите и ги запознаа со можностите и капацитетите на информатичките технологии кои се користат во наставниот процес на Универзитетот.
На ист начин започна наставта и во центарот за студирање на ЈИЕУ во Скопје, каде што исто така оваа година имаше зголемен интерес за студирање на дисперзираните универзитетски студии.
По ориентационата недела почна наставата
23 септември 2009По ориентационата недела, која започна на 15 септември, студентите на У ЈИЕ Универзитетот, на 22 септември почнаа со наставата. Години наназад, на Универзитетот, новата академска година започнува на 15 септември, во согласност со Болоњскиот процес и првата недела е ориентациона недела за новите студенти.
Повеќе вести
- Една магистерска програма, два универзитета, поголеми можности: УЈИЕ воведува нова студиска програма по компјутерски науки
- Универзитетот на Југоисточна Европа на Конференцијата на Берлинскиот процес во Подгорица
- Делегација на УЈИЕ учествуваше на Форумот на ЕУА за финансирање на универзитетите 2026 во Брно, Чешка
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ