„Ние сме тука пред вас да ги разјасниме асиметричните информации и дезинформациите и да бидеме целосно транспарентни за јавноста и за студентите. Имаме обврска да ги поддржуваме студентите во нивната слобода на критичко размислување, но секогаш почитувајќи го достоинството на професорот, како генерална номинација и барајќи релевантни докази за посебни случаи, би рекол, случајот на УЈИЕ и според оваа анкета случајот е изолиран и инцидентен“ , рече ректорот Беџети.
Ние веќе примивме извештај од резултатите од анкетата и истиот го разгледавме. Има еден случај на вработен со полно работно време од академскиот кадар и 3 случаи од кадарот со скратено работно време.
Во согласност со важечките прописи и процедури, Универзитетот на Југоисточна Европа ќе иницира истраги за презентираните случаи, но ќе се преземат конкретни мерки само ако постојат потврдени и сериозни докази. Ние ги мотивираме студентите за различни студиски активности, но тие треба да бидат внимателни во методологијата за истражување“, истакна ректорот Беџети.
Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, рече дека случаите на сексуално вознемирување не се само локализирани во Северна Македонија, вакви случаи се пријавуваат и во Велика Британија, во САД, во ЕУ или насекаде во светот.
„Бидете сигурни дека ние како универзитет нема да толерираме ниту еден случај и дека имаме многу ефикасни процедури за да разјасниме сè“, рече проф. д-р Фарингтон.
Проректорката за истражувања и за меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, објасни дека УЈИЕ и Феминистичкиот клуб се свесни за недостатоците на истражувањето, но дека со сериозност ги третираме случаите што произлегуваат од резултатите добиени од анкетата. Проф. д-р Беса Арифи рече дека Универзитетот е должен да им даде простор за делување на студентите, дури и во вакви случаи на сериозна загриженост.
