Висока израелска делегација беше примена од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д -р Абдулменаф Беџети, кој ги информираше за мисијата, статусот и развојот на Универзитетот и дискутираа за конкретна соработка со израелските компании и универзитети.
„Особено, разговаравме за конкретни форми на соработка со универзитети од Израел, со акцент на соработката со израелските компании кои бараат човечки ресурси од информатичката технологија (ИТ), како и во областа на сајбер безбедноста“, истакна по средбата ректорот Беџети.
„Заменик-претседателот-г. Бар и неговите соработници беа изненадени од потенцијалот на УЈИЕ, особено во однос на функционирањето на Технолошкиот парк на УЈИЕ и беа многу конкретни во предлозите за овие ангажмани“, истакна ректорот Беџети.
Во наредните денови ќе има состаноци на експерти кои престојуваат во регионот со цел да развијат конкретна соработка во овие области, но и во други области како што се агробизнисот и слично.