COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети, панелист на Енергетскиот форум во Скопје

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, како панелист учествуваше на Македонскиот енергетски форум во организација на ЗИП Институтот и Амбасадата на САД во Скопје, што се одржа во Скопје на 13. и 14. септември. Ректорот Беџети зборуваше на панелот на тема „Зелени финансии и достапни инструменти за финансирање“.

„Денес, зелените финансии се широк спектар на финансиски производи и услуги кои можат да се поделат на инвестиции, банкарски и осигурителни производи. Инструментите за обновлива енергија, како и одржливото финансирање на инфраструктурата за зелени обврзници продолжуваат да бидат инструменти од особено значење во активностите за зелено финансирање" истакна меѓу другото во своето излагање ректорот Беџети.

Обраќања на отворањето на Форумот имаа Зоран Заев, премиер на Владата на Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз, амбасадор, амбасада на САД во Северна Македонија и високиот претставник Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија.

На форумот присуствуваа познати имиња и светски експерти за енергија, претставници на јавни институции во земјава и во регионов.

Енергетскиот форум традиционално се одржува и ова е негово трето издание.

Google+