COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се отвори првиот центар за идни вештини во Северна Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа Future Skills Center #SkillsNext

Во четвртокот (4. ноември) на Универзитетот на Југоисточна Европа беше отворен Центарот за идни вештини #SkillsNext, чија реализација беше овозможена во рамките на проектот „Премостување на јазот во вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП, Фонд за иновации и технолошки развој во Северна Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Воведните обраќања имааа Амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје-Н.Е. Рејчел Галовеј; постојаниот претставник на УНДП-г. Армен Григорјан; директорот на Фондот за иновации и технолошки развој-г. Коста Петров; а во својство на домаќин беше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. д-р Абдулменаф Беџети.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети во својот воведен говор истакна дека е многу задоволен што отворањето на овој центар и реализацијата на овој проект е во продолжение на формирање лаборатории за практична обука и обука за вештини (Labs4Practical Education) за креативно размислување и делување, кои ги нарекуваме лаборатории за практично учење.

„Ова е трета лабораторија што ја отвораме во рок од една година на Универзитетот на Југоисточна Европа, почнувајќи од Форензичката лабораторија на Правниот факултет, Центарот iCan во Гостивар и сега Центарот за идни вештини овде на кампусот на УЈИЕ во Тетово. може да се каже дека нашиот пазар на труд е многу асиметричен и преку овие проекти даваме свој придонес да се намали јазот помеѓу пазарот на труд и образовниот сектор“, рече ректорот Беџети.

Ректорот Беџети им се заблагодари на сите вклучени страни во реализацијата на овој проект, нагласувајќи дека ваквите центри ни овозможуваат образованието од класични предавања во училница да го трансформираме во применето образование.

Во рамките на Центарот стручни лица, практичари и студенти ќе посетуваат специјализирана обука од областа на текстилната индустрија, градежништвото и земјоделството.

Google+