Претседателот на Студентското собрание и асоцијација Агрон Демири рече дека оваа средба има своја јубилејна симболика за студентите директно од ректорот да слушнат за патувањето на Универзитетот за овие 20 години но и за идните планови.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Беџети, ја изрази својата возбуда поради ентузијазмот на студентите и нивното присуство во толку голем број на оваа средба.
„Беше група меѓународни и локални визионери, а и јас бев меѓу нив, од ноември 2001 година,во месец кој се совпаѓа со главните национални празници, го започнавме патот на градење на оваа институција, која сега сите ја сметаат за најголем производител на интелектуални вредности“, рече ректорот Беџети.
Тој ги претстави главните фази низ кои поминал Универзитетот, нагласувајќи го големото влијание што го имал овие 20 години, особено во реформата на албанското општество овде во Северна Македонија.
„Универзитетот на Југоисточна Европа создаде интелектуална еманципација, нè извлече од професионалната, академската, научната, но и социјалната инфериорност. Печатот на овој Универзитет веќе го носи албанската професионална и интелектуална елита. Ако ја погледнете структурата на вработените во земјава, но и во Косово, ќе видите дека голем дел во елитните сектори, како што се финансиите, или услугите, бизнисот исто така, нивнниот алма матер е УЈИЕ“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.
Во однос на иднината, ректорот Беџети ја најави иницијативата за формирање на Факултетот за здравствени науки, доколку се оди според планот се очекува да се реализира во новата академска година.
Средбата на студентите со ректорот беше прва активност, во рамките на Неделата за одбележување на годишнината на Универзитетот, кога ќе се одржат низа активности кои ќе кулминираат со главниот настан што ќе се одржи во петок (19. ноември), Свечената церемонија и промоција на доктор хонорис кауза. Исто така, денес започна и турнирот во мал фудбал на средношколците.
Во вторник ќе се одржи Средбата со алумни на Универзитетот, додека во среда во УЈИЕ ќе се одржи настанот за Меѓународниот ден на студентите на кој, меѓу другото, ќе бидат претставени кулинарски специјалитети од земјата од која доаѓаат студентите. Во четврток ќе бидат наградени сите вработени кои имаат 20 години работен стаж на Универзитетот, додека истиот ден ќе бидат промовирани и докторите на науки кои дипломирале во периодот 2020-21 година.