COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Министерството за информатичко општество потпишаа Меморандум за соработка

Академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе соработува со Министерството за информатичко општество и администрација, обезбедувајќи им на вработените податоци од истражувања, стручни анализи, предлози, научни заклучоци и стручна литература.

Ова, меѓу другото, е предвидено во Меморандумот за соработка, кој денеска (03.11.2022 година) го потпиша ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа – акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Меморандумот предвидува и вклучување на академскиот кадар од Универзитетот во јавните дискусии во однос на предложените закони, со цел да се добијат најдобри законски решенија, во согласност со нивната соодветна професионалност.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе придонесе за дизајнирање на нови студиски програми на Универзитетот на Југоисточна Европа, како и за реализација на заеднички проекти.

Google+