Во ова прилика, ректорот Беџети истакна дека фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлацијска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите а не обратно.
„Имајќи предвид состојбите на постојниот даночен систем во РСМ, дека е многу регресивен, дека даночната база е со изразени условни олеснувања и ослободувања, дека е недоволно конвергентен со даночните системи на земјите членки на ЕУ, дека нема флексибилни решенија за оданочување на растечките добивки како резултат на криза, дека изразито се оданочува доходот од плати во однос на капиталните доходи и добивките, дека нема соодветни еколошки даночни решенија, дека сеуште степенот на даночна дигитализација не одговара на предизвиците на времето, дека онлајн набавките не се ефикасно под контрола и како таков сеуште генерира висока стапка на неформална економија, се неминовни даночните реформи согласно новата Концепција и Стратегија донесена пред повеќе од една година“, рече меѓу другото Ректорот Беџети.
Ректорот Беџети, своите ставови ги презентираше на третиот панел, каде посебен акцент беше ставен на фискалните и монетарните политики во РСМ.