Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети учествуваше на Вториот Делфи економски форум

„Просперитет во време на несигурност“, беше тематана Делфи економскиот форум, што се одржа денес (01.03.2023 год.) во Скопје. На оваа средба учествуваше и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулеманф Беџети, кој оствари средби со значајни експоненти на политиката и бизнисот во регионов.

На овој форум учествуваа високи политички лидери, како што се премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, премиерот на Косово, Албин Курти, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и локални и меѓународни корпоративни и интелектуални лидери.

Делфи Економскиот форум се организира по втор пат, со цел да се одговори на најитните предизвици со кои се соочува Северна Македонија и регионот на Југоисточна Европа во целина.

Google+