Во воведниот говор ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети им се заблагодари на авторите кои избрале да ја промовираат оваа книга на нашиов универзитет, бидејќи таа е многу специфична книга по структура и форма.
„Она по што книгата е посебна е визуелната презентација, како и содржината напишана на многу разбирлив јазик. Сметам дека книгата освен во нашиов Универзитет каде што ќе биде во категоријата на потребни универзитетски текстови, истата треба да се користи и во целиов регион во универзитетите со настава на албански јазик“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.
За книгата зборуваше и рецензентот Јустина Пула - Широка, која рече дека и претставува чест што по 20 години се враќа на универзитетот каде што предавала и дала свој придонес. Таа истакна дека имала одлична соработка со УЈИЕ.
Авторот на книгата, Наил Решиди, им се заблагодари на сите кои придонеле при подготовката на книгата и особено им се заблагодари на УЈИЕ и на Факултетот за бизнис и економија за дадената поддршка.
Промоцијата ја модерираше деканката проф. д-р Хирије Абази-Алили, која рече дека е чест Факултетот да биде промотор на вакви важни книги.
