Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа „Отворен ден“ за матурантите на УЈИЕ

Матуранти, родители и професори денес (05.05.2023год.) учествуваа на традиционалната манифестација за промоција на академската понуда „Отворен ден“, што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа. За време на оваа активност, матурантите, кои беа во голем број, имаа можност на презентациите организирани од шесте факултети на УЈИЕ директно да слушнат за понудата која годинава е проширена и со нови студиски програми: Политехника, Внатрешен дизајн, Наука за податоци, Образование и Психологија.

На организираните презентации, беше објаснета и препознатливата методологија на Универзитетот во наставата, каде фокусот е на дигитализацијата и критичкото размислување, настава во мали групи, индивидуалната работа и студентот во центарот на вниманието.

Во рамките на оваа манифестација се одржаа голем број активности како што се: активностите на Студентското собрание, промовиран беше и најновиот број на списанието „Евроидеа“, активностите на Одделот за спорт, каде се играше финалето помеѓу средношколските екипи како и богата културно – забавна програма.

Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска година нуди 29 студиски програми во првиот циклус (додипломски), 25 студиски програми во вториот циклус (магистерски) и 13 студиски програми во третиот циклус на студии (докторски).

Google+