Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Успешна приказна на УЈИЕ во 20. годишната понуда на италијанскиот јазик и култура

Во организација на Амбасадата на Италија, денес (08.05.2023 година) во Скопје се одржа Националната конференција за италијанскиот јазик во Северна Македонија, на која учествуваа бројни истакнати претставници на образовните и културните институции, на општините, како и познавачи и љубители на италијанскиот јазик од повеќе професионални области.

Во рамки на трибината на тема: „Италијанскиот јазик и националниот образовен систем – искуства и успешни приказни“, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во улога на панел учесник, зборуваше на тема „Италијанскиот јазик како изборен странски јазик во високообразовните институции во Северна Македонија“.

„Универзитетот на Југоисточна Европа е многу успешна приказна во 20. годишната понуда на италијанскиот јазик и култура во Северна Македонија“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Конференцијата се одржа под централна тема „Јазик на многу можности“, а на средбата учествуваа италијанскиот амбасадор во Северна Македонија, Андреа Силвестери, македонскиот министер за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за култура, Бисерка Костадиновска – Стојчевска.

Google+