Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Над 60 компании учествуваа на Саемот за кариера што се одржа во УЈИЕ

Околу 60 познати компании учествуваа на Саемот за кариера, кој се одржа денес (09.05.2023 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Центарот за кариера.

Настанот го отвори, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој им се заблагодари на учесниците, особено на компаниите за интересот и на студентите за учеството.

„УЈИЕ секоја година подготвува извештај за вработување кој се испраќа до сите институции во државата, практика што не ја применува ниту еден друг универзитет во земјава, но и во регионов. Според овој извештај, 65% од дипломираните студенти, во период од 6 месеци по дипломирањето, се вработени, а ако на оваа бројка се додадат околу 20% од оние кои доброволно не бараат работа, бидејќи имаат различни цели за кариерата, тогаш вработувањето на нашите дипломирани студенти достигнува до 83%. Она што е многу важно и што го издвојува Универзитетот е тоа што околу 70% од вкупниот број вработените се вработени во приватниот сектор“, нагласи ректорот Беџети.

Саемот за кариера се одржува 16. пат и е одлична можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавци, да разговараат за можностите за вработување, да работат како стажанти и да разговараат за соодветноста на квалификациите и нивните вештини со барањата на пазарот на трудот или компанијата за која се интересираат.

Google+