Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Д-р Дина Модестус Нзику одржа предавање пред студентите на УЈИЕ

Во организација на Факултетот за бизнис и економија, д-р Дина Модестус Нзику, предавач на Универзитетот во Западна Шкотска, Шкотска. одржа предавање пред студентите во четврток (25.05.2023).

Темата на предавањето беше за претприемничките можности, како и за политиките и стратегиите на владите за унапредување на претприемништвото во земјите во развој.

Д-р Нзику била главен говорник на бројни научни конференции и има одржано предавања на различни институции и универзитети во Европа и во Африка.

Студентите имаа можност да слушнат од искуството и стручноста на д-р Нзику, но и да поставуваат прашања за проблематиката за која се дискутираше на предавањето.

Google+