Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Плакета на УЈИЕ за долгиот придонес на проф. Злат Миловановиќ

На комеморацијата по повод на смртта на проф. Злат Миловановиќ, сопруг на поранешната амбасадорка Џилијан Миловановиќ, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети учествуваше на приемот што се одржа во Скопје, организиран од семејството на починатиот.

Во своето обраќање, ректорот Беџети рече дека „Проф. Злат го паметиме како исклучително скромен, мирен, тивок и многу значаен човек. Господ да го благослови“.

Ректорот Беџети ја врачи плакетата на Универзитетот на Југоисточна Европа на поранешната амбасадорка Џилијан, ќерките Александра и Ана, во знак на искрена благодарност за дадениот придонес како предавач долги години на Правниот факултет.

Google+