Меѓународна публикација на м-р Веланд Рамадани: "Бизнис ангели - кои се навистина тие?"
15 март 2010
"Бизнис-ангели, кои се навистина тие?"(“Business Angels-Who They Really Are”), е најновата научна публикација на м-р Веланд Рамадани, асистент на Факултетот за бизнис администрација на Универзитетот на ЈИЕ. Овој документ е објавен во меѓународното списание на издавачот со светско реноме John Wiley and Sons (Strategic Change: Brifings in Entrepreneurial Finance, John Wiley & Sons Ltd., Chichester, UK, Vol. 18, Issue 7/8, p. 249-258, ISSN: 1086-1718).
Во овој труд се третира еден нов и многу важен вид на финансирање на значајни мали бизниси и претприемачки идеи. Бизнис ангелите се важни бизнис решенија за нови мали и средни бизниси, но исто така и за постојните бизниси, кои имаат идеи, привлечни и ветувачки проекти, но кои немаат финансиски средства. Во нивните размислувања секогаш е присутно мотото "сепак може да се добие и уште повеќе". Во публикацијата, исто така, се третираат и различни видови на бизнис ангели, мотивите за инвестирање во мали претпријатија, процесот на инвестирањето од страна на бизнис ангелите, формите на организација на бизнис ангелите и др.
Повеќе вести
- УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU
- Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
- УЈИЕ се потврдува како највисоко оценет универзитет во Северна Македонија во Times Higher Education Impact Rankings 2025
- Правниот факултет на УЈИЕ меѓу топ трите најдобри тимови на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење во Тирана
- Американскиот професор Џим Лофтон во посета на УЈИЕ
- УЈИЕ учествуваше на Првата годишна конференција на Алијансата ChallengeEU во Полска: „Поврзување на регионите - Поврзување на универзитетите“
- УЈИЕ организираше презентација за можностите за кариера во НАТО