Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Интеруниверзитетска соработка во области од заеднички интерес

Во рамки на еднодневната посета на градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери на Северна Македонија, Италијанската амбасада во Скопје, заедно со Делегацијата на ЕУ, во понеделник (04.09.2023 година) организираше средба со претставници на важни институции во земјата за да ја промовира кандидатурата на градот Рим да биде организатор на најголемиот светски саем Експо 2030.

На оваа средба беше поканет и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети најпрвин оствари средба со проректорот на Универзитетот „Ла Сапиенца“, Паоло Карафа и со Генералниот Секретар на интеруниверзитетска мрежа УНИАДРИОН, проф. Андреа Перна, со кои разговараше за меѓууниверзитетската соработка во областите од заеднички интерес.

Ректорот Беџети, за време на оваа промотивна активност, се сретна со евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, со кого разговараше за предизвиците на високото образование во Северна Македонија.

Google+