Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Жените претприемачи се неискористен извор на економски раст и развој

УЈИЕ е посветен на зајакнување на жените преку вработување и претприемништво. Во таа насока, женското претприемништво е поконкретно истражено како потенцијал за економски развој, особено во земјите во развој.

Овие наоди ги презентираше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на Конференцијата на ОБСЕ за зајакнување на улогата на жената, на вториот ден, како панел учесник, на панелот на тема: „Ублажување на ефектите од корупцијата врз жените: кон економска еднаквост и зајакнување“.

Во истражувањето спроведено во УЈИЕ, меѓу другото, е утврдено дека женското претприемништво е неискористен извор на економски раст и развој во последната деценија. Исто така, утврдено е дека женското претприемништво е општествен, а не е економски феномен.

„Како универзитет, го правиме нашиот дел да ги подготвиме нашите студентки да станат успешни претприемачи, осигурувајќи дека ги имаат потребните теоретски, практични и комуникациски вештини кои се важни во оваа професија. Како нивни ментори и професори, даваме сè од себе да ги мотивираме и поддржиме во оваа потрага. Сепак, успехот на жените претприемачи не зависи само од нивната мотивација и нашите насоки. За да успеат, жените мора да процветаат во опкружување кое генерално ги поддржува, па државата и општо општеството мора да веруваат во родовата еднаквост и да работат ефективно кон нејзиното постигнување“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Многу од овие истражувања се објавени во угледниот магазин „Спрингер“, додека во книгата со 19 поглавја, објавена во 2019 година, од авторите В. Рамадани, Л. Пол Дана, А. Беџети, В. Ратен, зајакнувањето на жените е обработено во четири поглавја.

Google+