На листата се рангирани 688 високообразовни институции, а универзитетите од Македонија се на позициите од 439 до 600. Овој Институт го направи и регионалното рангирање на универзитетите, каде што во регионот на најдобрите универзитети во Јужна Европа, УЈИЕ е рангиран на 126, од вкупно 175 наведени универзитети. Исто така, врз основа на ова рангирање, Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на прво место меѓу албанските универзитети во регионов.
При рангирањето на универзитетите, како основа беа земени девет критериуми, меѓу кои: академска репутација, углед од работодавачите, сооднос кадар/студент, број на научни публикации, број на меѓународен кадар вклучен во наставата, број на меѓународни студенти, меѓународна истражувачка мрежа, влијание на веб и институционално онлајн присуство и цитати на научни трудови на кадарот од други истражувачи ширум светот.
Универзитетот на Југоисточна Европа има одлична позиција на речиси сите рангирања на универзитети, како на континентално, на регионално така и на државно ниво.
Линк за рангирањето: https://www.
