Изложбата ја отвори проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Адриан Бесими, кој рече дека во овој проект со општествено влијание, покрај студентите, учествувале и професори, љубители на уметноста како и средношколци. Целта е да се промовира уметноста и културата не само во библиотеката, туку и во поширокото општество.
Директорката на Универзитетската библиотека Елмедина Абдулаи истакна дека биле изложени околу 60 слики кои претставуваат избрани дела на учесниците во овој проект. Во текот на курсот беа креирани 6 групи кои сликаа во три категории од фигуративната уметност.
На изложбата присуствуваа голем број посетители, кои имаа можност да ја видат работата реализирана во рамките на курсот по сликарство што се одржуваше во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа.
