„Проф. Малиќи беше тивка, мудра личност, пред сѐ вистински професионалец и многу посветен на својата работа. Беше неуморен работник и истраен до крај. Овие квалитети беа препознаени од населението, затоа тој и неговото дело ќе останат незаборавни“, рече меѓу другото во својот говор ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад.проф. д-р Абдулменаф Беџети. Во обраќаето тој евоцираше и некои спомени од средбите и работата со починатиот.
За животот и делото на проф. д-р Назми Малиќи зборуваше деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу - Алили
На оваа средба спомени евоцираа и г. Лутфи Азири, како колега и пријател, опишувајќи го животот и делото на проф. Малиќи, како повеќедимензионален, не само од академски и политички, туку и национален аспект.
Ќерката Дрита Малиќи во својот говор со многу емоции се заблагодари на Универзитетот за организирањето на оваа комеморација, која, како што рече е местото каде што нејзиниот покоен татко ја започнал својата академска кариера и местото каде што таа студирала.
На овој настан учествуваа и многу јавни личности од Северна Македонија и од Косово.
