На оваа конференција единствени претставници од Северна Македонија беа истражувачите од Универзитетот на Југоисточна Европа - ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази-Алили и директорот на Центарот на УЈИЕ во Скопје, проф. д-р Веланд Рамадани.
Темата на истражувачкиот труд, кој го презентираше ректорот Беџети, беше „Зелени прекугранични меѓусебни врски за одржлив развој и неутрална клима“, каде тој го истакна значењето на прекуграничната соработка како можност за регионален економски развој.
Професорите Хирије Абази - Алили и Веланд Рамадани го претставија истражувачкиот труд „Детерминанти и форми на зелено претприемништво: модераторскиот ефект на соработката помеѓу фирмите од Северна Македонија и Косово“
Меѓународната научна конференција има за цел да даде научен импулс на економската соработка меѓу Албанија и Косово.
