Во својот говор, ректорот Беџети се заблагодари на словачката влада и на словачките даночни обврзници за поддршката во реализацијата на овие проекти кои нудат бројни можности за стопанството.
„Ефектите од циркуларната економија се повеќекратни и пред се еколошки, социјални и економски“, истакна во своето излагање ректорот Беџети.
Словачкиот амбасадор, Ш.Т. Хенрик Маркуш во својот говор ги објасни целите зошто СловакАид го поддржа овој проект, кои се можностите и придобивките за земјата. Тој рече дека поважно е да се подигне свеста на граѓаните и потоа да се најде систематско решение за проблемот со отпадот.
Презентацијата на резимето на наодите во рамките на проектот ја направи Авни Арифи, координатор на проектот.
На тркалезната маса учествуваа претставници на компании, студенти од областа на екологијата и академски и административен кадар.
