„Целосната интеграција е процес без алтернатива, а 2024 година е клучната година за членството на Северна Македонија во ЕУ. Во центарот на евроинтеграциите, фокусот треба да биде ставен на образовниот сектор во функција на создавање на човечки капитал, како основен фактор за развој и подобрување на стандардот, во спротивно државата ќе продолжи да се празни од младите и најспособните барајќи подобар живот на Запад“, нагласи ректорот Беџети.
Конференцијата ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а присуствуваа најважните личности од институциите одговорни за интеграција, како и познати експерти кои придонесуваат за подобрување на владините политики во интегративниот процес на Северна Македонија.
Конференцијата се одржа во четири панели, на кои се дискутираше за политиките и мерките што ги презема Владата за полноправно членство на земјава во ЕУ.
