Според платформата scimago УЈИЕ има вкупен индекс од 156 поени, со што е рангиран на второто место во Република Северна Македонија. Според индивидуалната продуктивност на двете платформи за рангирање, проф. д-р Веланд Рамадани, проф. д-р Гадаф Реџепи, проф. д-р Јусуф Зеќири и проф. д-р Хирије Абази – Алили ја предводат ранг-листата на професори кои имаат најмногу цитати од нивните научни трудови.
На платформата аdscientific добро се позиционирани и други професори од Универзитетот на Југоисточна Европа, во главно од областа на компјутерските и на општествените науки, како што се: проф. д-р Менан Селими, проф. д-р Мајлинда Фетаи, проф. д-р Али Пајазити и проф. д-р Брикена Џафери.
На ранг-листата се наоѓаат 11 универзитети и 579 професори од земјава, додека УЈИЕ е вториот универзитет од Северна Македонија, кој е застапен на ранг-листата на најдобри 10% научници во светот.
