На оваа конференција, каде освен директорите присуствуваа и други претставници од средните училишта, се третираа теми кој најмногу ги тангираат средните училишта и на кој начин нашиот Универзитет може да им помогне.
Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, побара од присутните да соработуваат поблиску со Универзитетот, со цел унапредување и подобрување на квалитетот на учениците кои го продолжуваат високото образование.
„ Една од предностите која го разликува ЈИЕУ од другите традиционални универзитети во земјава и регионов е способноста за постојан развој на студиските програми според добро интегриран процес, кој ги следи препораките на меѓународните стандарди опишани во документите кои се базираат на Болоњската декларација како и на најдобрите практики на најуспешните меѓународни универзитети“, рече ректорот Абази. Тој додаде дека, Универзитетот на Југоисточна Европа со својот статус како приватен - јавен непрофитен универзитет и според развојната стратегија на Одборот, во својата мисија, останува непроменет при тоа продолжувајќи со главната цел да придонесе во развојот на високото образование на албански јазик, основајќи се на една „флексибилна“ политика на употреба на јазиците.
Директорката на средното економско училиште „ 8 септември “ Зана Хисмани, во својот говор рече дека се чувствува љубоморна на условите кои ги имаат студентите од овој Универзитет а ги немаат учениците од средните училишта. Таа рече дека средните училишта се соочуваат со многу проблеми, почнувајќи од условите за настава па се до пренатрупаните план - програми.
Директорот на студиите по докторатура во ЈИЕУ, Хасан Јашари, зборуваше за социо - културолошките аспекти на високото образование со посебен осврт на ЈИЕУ.
„Гледајќи го од социо-културолошки аспект кампусот на ЈИЕУ за студентите овозможува сместување, настава и можности за научно истражувачка работа, како и рекреација и разновиден студентски живот“, рече проф. Хасан Јашари.
Во рамките на конференцијата учесниците имаа можност да дебатираат за разни проблеми кои ги тангираат средните училишта и високото образование. Исто така, тие имаа можност да ги посетат Центарот за кариера, Универзитетската библиотека и Центарот за обука и научни истражувања.