Првата сесија се одржа на 11 мај 2024 година. На првата сесија од Програмата за правно образование за родови прашања се дискутираше за кривично правниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот.
20 средношколци од Тетово имаа можност да дознаат повеќе за кривична правна одговорност на децата од професорката на Правниот факултет, Блерта Ахмеди, како и да се запознаат подетално за правосудниот систем од судијата Бетим Јахја.
Следните сесии продолжуваат со нови теми кои ќе ги реализира академскиот кадар на Правниот факултет.
Средношколците ќе имаат можност да се информираат за правните теми од нивниот интерес со професионисти од практика.
