Во својот поздравен говор, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, им се заблагодари на организаторите што ја избрале ова библиотеката како најсоодветно место за промоција на оваа книга.
„Поетот Неџат Пустина и покрај неговото дебарско потекло е натурализиран тетовчанец и ние сме горди на тоа“, рече меѓу другото ректорот Беџети.
За книгата зборуваше издавачот Емин Аземи, кој истакна дека со оваа публикација сака да и ги претстави на пошироката јавност, поетите кои на некој начин се оставени во заборав.
На промоцијата говореше и новинарот и публицист Нијази Мухамеди, кој ја истакна важноста од реактуализација на поетите од постарите генерации и нивно вклучување во наставните програми на нашите училишта и универзитети.
За важноста на книгата зборуваше и новинарот Бардил Зајми, кој го истакна значењето на поезијата на Неџат Пустина во албанската литература воопшто.
Книгата „Ластовицата на сеќавањето“ е антологиска компилација од најпопуларните поезии на поетот Неџат Пустина.
Книгата ја објави Агора принт, а промоцијата беше поддржана од Факултетот за јазици, култури и комуникација.
